Дактил (месечина)

месечина на астероидот Ида
(Пренасочено од S/1993 (243) 1)

Дактил — мошне мала астероидна месечина со пречник од 1,6 км која кружи околу астероидот 243 Ида.[1] Сликан е од вселенското летало „Галилео“ на 28 август 1993 г. и откриен при испитување на задоцнетите слики од леталото на 17 февруари 1994 г. Ја добил привремената ознака S/1993 (243) 1.[2] Подоцна е наречен по митските суштества наречени дактили кои живееле на планината Ида според старогрчката митологија.[3]

Дактил
Дактил сликан од „Галилео“
Откривање
Откриено17 февруари 1994
Ознаки
Наречена по
дактили
Физички особености
Димензии1,6 км

Месечината кружи околу Ида со период од 1,54 дена на просечно растојание од 108 км и наклон од 9° кон Идиниот екватор.[4]

Потеклото на Дактил е нејасно, но постојат две главни претпоставки. Првата вели дека Дактил и Ида нстанале истовремено, а според втората Дактил е откршен по удар на тело врз Ида.[5][6]

Дактил е првата откриена астероидна месечина. Неговото откривање ја разрешило долготрајната расправа за постоењето на астероидни месечини.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Asteroid 243 Ida and its newly discovered moon, Dactyl“. www.esa.int (англиски). Посетено на 11 август 2022.
  2. Clarke, Aubrey (28 август 2021). „NASA Galileo Spacecraft Continues to Fulfill Many Tasks After Passing by Asteroid Ida 28 Years Ago“. The Space Times.
  3. „In Depth | 243 Ida“. NASA Solar System Exploration. Посетено на 11 август 2022.
  4. Chapman, C. R.; Veverka, J.; Thomas, P. C.; Klaasen, K.; Belton, M. J. S.; Harch, A.; McEwen, A.; Johnson, T. V.; Helfenstein, P.; Davies, M. E.; Merline, W. J. (1995). „Discovery and physical properties of Dactyl, a satellite of asteroid 243 Ida“. Nature (англиски). 374 (6525): 783–785. Bibcode:1995Natur.374..783C. doi:10.1038/374783a0. ISSN 0028-0836. S2CID 4319450.
  5. Granahan, James (2002). „A compositional study of asteroid 243 Ida and Dactyl from Galileo NIMS and SSI observations“. Journal of Geophysical Research (англиски). 107 (E10): 5090. Bibcode:2002JGRE..107.5090G. doi:10.1029/2001JE001759. ISSN 0148-0227.
  6. Davis, Donald R.; Chapman, Clark R.; Durda, Daniel D.; Farinella, Paolo; Marzari, Francesco (1996). „The Formation and Collisional/Dynamical Evolution of the Ida/Dactyl System as Part of the Koronis Family“. Icarus (англиски). 120 (1): 220–230. Bibcode:1996Icar..120..220D. doi:10.1006/icar.1996.0047.

Надворешни врски

уреди