Кафеавозелена гулапка
Кафеавозелена гулапка (Russula heterophylla), која во последно време го добила народното име мрсна зелена нежна русула [1] се става во родот Russula, чии членови се претежно познати како кршливи гулапки. Тоа е јадлива дива печуркасо различна боја, која се наоѓа во листопадни шуми и шуми во Велика Британија, Европа и Скандинавија.[2] Се појавува со широколисни дрвја во лето до рана есен, обично има зеленикава боја.
Таксономија
уредиЗабележан и опишан од микологот роден во Јужна Африка Кристијан Хендрик Персон како (Agaricus lividus) во 1801 година. Тој бил ставен во родот Русула од шведскиот миколог, и ботаничарот Елиас Магнус Фрис во 1838 година, со епитетот хетерофила. И покрај многуте измени, од неколку миколози со текот на годините оттогаш, овој бином е прифатен,[3] и се користи во моментов.
Варијантите (Russula heterophylla var. chlora Gillet 1876 и Russula heterophylla var. virginea) (Cooke and Massee) A.Pearson & Dennis, добиле статус на вид како зелена распукана гулапка (Russula violeipes) и (Russula virginea).
Опис
уредиШапката е од 5 до 10 см во пречник. Познато е дека има различна боја и може да биде со разни нијанси на зелена, кафеава или окер. Првично е кружна, се израмнува со возраста, а кај доцните се развива вдлабнатина. Дршката е валчеста, надолу најчесто се стеснува, кршлива е, полна, надолжно набрчкана, отпрвин бела, подоцна може да биде кафеава и нараснува висока од 3 - 7 см и дебела 1, 2 - 5 см. Кожичката тешко се двои. Месото е бело и кршливо, брашнесто, мирисот не е изразит а вкусот е благ. Доколку месото го истриеме со кристали од железен сулфат, тоа ќе стане црвенопортокалово. Споровиот прашец е бел, спорите брадавичести.
Микроскопски одлики
уредиСпорите се најмали во родот, и се 5-7 со 4-6 мм, сферични до елипсовидни или во облик на круша; брадавици 0,2-0,6 μm високи, претежно изолирани, но повремено две или три споени заедно, или поврзани во линија.
Слични видови
уредиЗелените форми на русула цијаноксанта можат да се разликуваат, бидејќи тие даваат зеленикава реакција или никаква реакција кога ќе се нанесуваат со железен сулфат (железни соли) и имаат флексибилни, „мрсни“ чувства на жабрите карактеристични за тој вид.
Гулапката (Russula virescens ) (Schaeff.) Fr., Има испукана или фрагментирана површина на капачето.
Russula aeruginea Fr., расте заедно со бреза.
Russula langei Bon, исто така, има зелена реакција на железен сулфат и мириса на школки, со месо што остава дамки со портокалово-кафеава боја.
Дистрибуција и живеалиште
уредиКафеавозелена гулапка се појавува во лето до рана есен, обично расте во мали групи. Повремено се појавува во Велика Британија, Европа и Скандинавија. Расте со неколку видови широколисни дрвја, на чии корени е ектомикоризна.
Во исхраната
уредиОваа печурка е за јадење [4] и добра, иако мора да се внимава бидејќи е многу слична на смртоносната гулапка „капа на смртта“ (Amanita phalloides ) кога е млада. Исто така е склона на напади од полжави.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Roger Phillips (2006). Mushrooms. Pan MacMillan. ISBN 978-0-330-44237-4.
- ↑ Regis Courtecuisse and Bernard Duhem (1995). Mushrooms and Toadstools of Britain and Europe. Harper Collins. ISBN 978-0-00-220025-7.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-11-08. Посетено на 2021-04-04.
- ↑ Phillips, Roger (2010) [2005]. Mushrooms and Other Fungi of North America. Buffalo, NY: Firefly Books. стр. 141. ISBN 978-1-55407-651-2.