Rednex
Rednex (транскрипција: Реднекс) ― шведска музичка група позната по уникатната комбинација на техно-музика со елементи од американска фолк и кантри-музика. Групата била основана во 1994 година и стекнале светска популарност со нивниот мегахит „Cotton Eye Joe“.
Rednex | |
---|---|
Rednex во 2020 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Кируна, Шведска |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | rednexmusic.com |
Историја
уреди1994–1995: Почетоци
уредиГрупата Rednex била замисла на шведските продуценти Јане Ериксон, Орјан „Обан“ Оберг и Патрик Еденберг.[1] Идејата била да се создаде проект што ќе комбинира кантри-музика со современата денс и поп-музика. Групата првично се состоела од пејачката Мери Џо (Аника Љунгберг), придружувана од Боби Сју (Кент Оландер), Кен Таки (Арне Арстранд), Били Реј (Јонас Нилсон) и Мап (Патрик Еденберг). Нивниот прв сингл, „Cotton Eye Joe“, објавен во 1994 година, станал светски хит и бил на прво место на топ-листите во многу земји, вклучувајќи ги: Германија, Велика Британија, Шведска и Австралија.
По успехот на „Cotton Eye Joe“, групата во 1995 година објавила албум под наслов Sex & Violins. Албумот содржел неколку други успешни синглови како: „Old Pop in an Oak“ и „Wish You Were Here“.
1996–2000: Промени во составот и контроверзии
уредиГрупата Rednex постојано вршела промени во составот. Во 1996 година била отпуштена главната пејачка Аника Љунгберг, делумно поради несогласувања со другите членови од групата. Таа продолжила со соло-кариера. [2] Истата година Арстранд започнал спореден проект, прогресивната метал-група Explode и во Шведска го издал првиот студиски албум, Live Forever.[3]
Есента 1998 година, Випи (Миа Лофгрен) станала нова пејачка. Вториот студиски албум под наслов Farm Out бил објавен во 2000 година и имал одреден успех во Европа, со најуспешниот сингл од албумот, „The Spirit of the Hawk“, кој се искачил на прво место на германската топ-листа за синглови.Во 2000 година, во пресрет на зголеменото присуство на Napster во музичката индустрија, соосновачот Еденберг претставил нова стратегија за Rednex. Групата требало да стане група за забави за да не биде зависна исклучиво од продажбата на плочи. Овој предлог бил пречекан со голем скептицизам. Нилсон одговорил: „Нема да станеме циркуски изведувачи!“. Последиците од овој конфликт резултирале со тоа што целата група, сите четворица членови, Лофгрен, Оландер, Нилсон и Ландгрен, биле заменети со други членови.[4]
2001–Денес: Нови изданија и активности
уредиВо јануари 2001 година, групата се состоела од главната пејачка Скарлет (Џули-Ен Тали) од Англија, и тројцата машки членови Дагер (Андерс Сандберг) од Шведска, Џо Каг (Рој ван Хаген) и Џеј Ли (Жан-Пол Енгелн) од Холандија. Во 2001 година, бил објавен синглот „The Chase“, прв сингл од нивниот прв компилациски албум „The Best of the West“ од 2002 година. По објавувањето на албумот имало уште неколку промени во составот.
Во 2006 година, во групата се вратила оригиналната пејачка Љунгберг. Во овој период фокусот на групата се префрлил кон Скандинавија.
Фокусирајќи се на концерти во Скандинавија, Реднекс се појавиле на церемонијата на Светското првенство во атлетика во 2005 година, во Хелсинки. Во годините што следат, Rednex продолжиле со концерти и со издавање на нова музика. Иако групата денес има сосема нов состав, групата и понатаму е активна.
Дискографија
уреди- Sex & Violins (1995)
- Farm Out (2000)
- The Best of the West (2002)
Наводи
уреди- ↑ Billboard.biz (2007-05-14).
- ↑ "Annika 'Mary Joe' Ljungberg Solo Career", KDJ Eurodance, 25 July 2014.
- ↑ „Explode - Live Forever“. Discogs.com. Посетено на 17 March 2019.
- ↑ "Historien om Rednex" Архивирано на 26 јуни 2009 г., Magasinet Novell, 4 June 2009.
Надворешни врски
уреди- Официјална веб-страница на Rednex
- Дискографија Rednex
- Rednex на Семрежната филмска база на податоци (англиски)