Луковичесто лутиче

вид растние
(Пренасочено од Ranunculus bulbosus)
Луковичесто лутиче
Научна класификација
Домен: Eukaryota
Ред: Лутиковидни
Семејство: Лутичиња
Род: Лутиче
Вид: Луковичесто лутиче
Научен назив
Ranunculus bulbosus
L., 1753

Луковичесто лутиче (научRanunculus bulbosus)[1]повеќегодишно растение од семејството на лутичињата. Тоа има привлечни жолти цветови, и три заоблени длабоко засечени основни ливчиња.

Раст

уреди
 
Крушковидна луковица

Потекло на поимот

уреди

Растението го добило името по неговиот препознатлив корен во вид на грутчеста луковица, која се наоѓа веднаш под површината на почвата. По изумирањето на растението како резултат на високите температури во летниот период, луковицата преживува преку зима.[2][3] Присуството на луковица го разликува ова лутиче од некои други видови лутичиња на родот Ranunculus како што e полското лутиче (Ranunculus acris), вид кој исто така има карактеристични чашкини ливчиња.

Одгледување и употреба

уреди

Просторна распостранетост

уреди

Ranunculus bulbosus расте во тревници, пасишта и ниви, претпочитајќи сиромашни почви. Иако тоа не е вообичаено, може да се сретне и на пасишта и честопати се сретнува во крајбрежни тревни површини [4]. Природен простор на распостранување на луковичестото лутиче е Западна Европа помеѓу 60° СГШ и северниот дел на средоземниот брег. Тоа расте и во источните и западните делови на Северна Америка како плевел.[5]

Хемиски состојки

уреди

Ова растение, како и други во семејството на лутичињата, содржи отровен вторичен метаболит ранункулицин - гликозид. Тоа е одбранбен механизам на растението за да се избегне да биде изедено од добитокот. Во сува состојба растението не е отровно.

Поврзано

уреди
  1. „Ranunculus bulbosa“. Служба за заштита на природните ресурси при USDA — база PLANTS. Посетено на 18 October 2015.
  2. S Coles (1973) Ranunculus bulbosus L in Europe. Watsonia 9: 207-228
  3. J Sarukhan (1974) Studies on plant demography: Ranunculus repens L., R. bulbosus L. and R. acris L.: II. Reproductive strategies and seed population dynamics. The Journal of Ecology: 151-177
  4. „Bulbous Buttercup: Ranunculus bulbosus. Архивирано од изворникот на 2006-12-10. Посетено на 2018-06-26.
  5. „Weed management“. Архивирано од изворникот на 2012-02-05. Посетено на 2018-06-26.