Рамон Аљонес

марка пури
(Пренасочено од Ramon Allones)

Рамон Аљонес (шпански: Ramón Allones) — име на две марки на висококвалитетни пури, едната кубанска (Хабанос СА), а другата хондурска (Џенерал Сигар).

Логото на Рамон Аљонес

Историја

уреди
 
Кутија Рамон Аљонес Specially Selected

Марката била создадена од браќата Рамон и Антонио Аљонес (не е истиот Антонио Аљонес на Ел Реј дел Мундо) во 1845 и се претпоставува дека била првата марка која ставила шарени литографии на кутиите и лентички околу пурите, како и првата која пакувала пури во стилот „8-9-8“ (иако постојат и други кои тврдат дека се први во литографиите и лентичките).

Марката сменила многу сопственици пред да биде конечно купена од семејството Сифуентес. Производството преминало во славната фабрика Партагас, каде пурите Рамон Аљонес се прават и до ден денес.

По револуцијата, производството продолжило без прекини и марката останала постојано популарна низ декадите. Според мислењето на многу луѓе, оваа марка дели многу одлики со нејзиниот роднина Партагас во јачина, големините и пакувањето. Рамон Аљонес отсекогаш се произведувал во помал број од Партагас, можеби со цел на задржување на повисок квалитет и побарувачка на марката.

Од 2001, кога Алтадис купил контролен дел од Хабанос СА, голем дел од форматите на Рамон Аљонес биле укинати, вклучувајќи ги многу саканите Coronas, па дури и форматот 8-9-8 кои самите го измислиле. Од форматите денес, неверојатно пупуларни се Specially Selected, Gigantes и Small Club Coronas. Хабанос СА сѐ уште ја става пурата Bit of Havana на производната листа, но ретко кој ја има видено оваа пура од 2001 наваму.

Во 2005, како дел од серијата на нови витоли наречена Edición Regional, Рамон Аљонес пуштаат во продажба ограничено издание на пури наречени Eminencias во Швајцарија.

Витоли на кубанските Рамон Аљонес

уреди
 
Кутија Рамон Аљонес Small Club Coronas

Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Панч со нивните димензии во англиски и метрички систем и нивните vitolas de galera (фабрички имиња) како и разговорните називи според американската терминологија.

Рачно-изработени витоли

  • Gigante - 7 5/8" x 49 (194 x 19.45 mm) Prominente, двојна корона
  • Specially Selected - 4 7/8" x 50 (124 x 19.84 mm) Robusto, робусто или ротшилд
  • Small Club Corona - 4 3/8" x 42 (110 x 16.67 mm) Minuto, тре пети корона

Машински-изработени и рачно-довршени витоли

  • Bit of Havana - 4 1/8" x 29 (106 x 11.51 mm) Chico, цигариљо

Edición Regional

  • Eminencia - 5 5/8" x 44 (143 x 17.46 mm) Francisco, корона екстра (Швајцарија)
  • Estupendo - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta 2, черчил (Азија-Тихоокеанија)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди