Please Don't Leave Me
„Please Don't Leave Me“ е песна од американската поп рок пејачка Пинк, како трет сингл од нејзиниот петти студиски албум Funhouse. Песната е издадена на 31 јануари 2009 година. Песната има добиено висока позиција на ерплеј радиата во Австралија и Нов Зеланд, а исто така била додадена и на А-списокот на BBC Radio 1 во Обединетото Кралство. Музичкото видео за „Please Dont't Leave Me“ е режирано од Дејв Мејерс и било испратено на интернет пред официјалното издавање на песната како синг, а исто така предвремено бил покажан и омотот на синглот. Во САД, песната се искачила во Топ 20, искачувајќи се на 17 место.
„Please Don't Leave Me“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Пинк | |||||
од албумот Funhouse | |||||
Издаден | 31 јануари 2009 (Видете историја на издавање) | ||||
Формат | ЦД сингл, музичко спуштање | ||||
Снимен | 2008 | ||||
Жанр | Поп рок, денс-рок | ||||
Должина | 3:51 | ||||
Издавачка куќа | LaFace | ||||
Композитор | Пинк, Макс Мартин | ||||
Продуцент | Макс Мартин | ||||
Хронологија на синглови на Пинк | |||||
|
Заднина
уреди„Please Don't Leave Me“ е напишана од Пинк и од текстописецот/продуцентот Макс Мартин, која исто така и ја продуцирал песната. Тоа е една од четирите песни на албумот продуцирани од Макс Мартин, заедно со број-еден синглот „So What“. Песната е во средно темпо и во неа е прикажана љубовна врска исполнета со омраза. Пинк пее за некој кој има лошо влијание на неа, но таа сѐ уште не е способна да ја остави таа личност. Таа кажува преку рефренот, „Јас секогаш велам дека не ми требаш, но секогаш ќе се сведува повторно на ова, те молам не оставај ме.“ Песната е една од првите три кои се изведувани во живо на Much Music од албумот Funhouse пред неговото официјално издавање заедно со сингловите, „Sober“ и „So What“.