Plastic Beach (Пластична Плажа) — третиот студиски албум на виртуелниот бенд Горилаз. Албумот е објавен на 3 март 2010 година. Албумот е изваден од недовршениот проект на Горилаз наречен Carousel. Снимен е од јуни 2008 до ноември 2009 година и првично бил издаден од соосновачот на Горилаз, Дамон Албарн. Во албумот учествуваат и следниве артисти: Снуп Дог, Gruff Rhys, Боби Вомак, Мос Деф, Лу Рид, Мик Џонс, Марк Е. Смит, Пол Симонон, Кано, Little Dragon и Hypnotic Brass Ensemble.

„Plastic Beach“
Студиски албум од Gorillaz
Издаден3 март 2010 (2010-03-03)
СнименЈуни 2008 – Ноември 2009, Њујорк, Дамаск и Лондон
ЖанрАлтернативен хип-хоп, алтернативен рок
Траење56:46
Издавачка куќаПарлофоун, Virgin Records
ПродуцентGorillaz

Албумот дебитирал на местото број два во Обединетото Кралство со продажба на 74,000 копии во првата недела. Во САД, албумот дебитирал на второто место на Билборд 200 каде што во првата недела продажбата достигнала до 112,000 копии. По објавувањето, овој албум бил оценет позитивно од страна на критичарите.

Список на песни

уреди
  1. Orchestral Intro
  2. Welcome to the World of the Plastic Beach
  3. White Flag
  4. Rhinstone Eyes
  5. Stylo
  6. Superfast Jellyfish
  7. Empire Ants
  8. Glitter Freeze
  9. Some Kind of Nature
  10. On a Melancholy Hill
  11. Broken
  12. Sweepstakes
  13. Plastic Beach
  14. To Binge
  15. Cluod of Unknowing
  16. Pirate Jet