Голем корморан
Голем корморан | |
---|---|
Phalacrocorax carbo | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Пеликановидни |
Семејство: | Корморани |
Род: | Phalacrocorax |
Вид: | Голем корморан |
Научен назив | |
Phalacrocorax carbo (Linnaeus, 1758) |
Голем корморан (Phalacrocorax carbo) — мошне застапен член на семејството корморани. Живее ширум Стариот Свет и атлантскиот брег на Северна Америка. Во Македонија е познат под народното име гаро.
Опис
уредиГолемиот корморан е голема црна птица, и зависно од варијацијата на видот, има различни големини. Тежи од 1,5 [3] до 5.3 кг,[4] најчесто од 2.6 до 3.7 кг.[5] Долги се од 70 до 102 см, со распон на крилја од 121 до 160 см.[6][7] Има прилично долг опаш и има жолт белег околу клунот. Возрасните корморани имаат бели дамки над колената за време на сезоната за парење.[8]
Големите корморани се најчесто тивки, но прават различни гутурални звуци во своите колонии за парење.
Видови
уредиМногу ретка варијанта на големиот корморант е предизвикан од албинизам. Phalacrocorax carbo албиното страда од губење на вид и/или слух, и многу ретко успева да преживее во дивината.
Распространетост
уредиГолемиот корморан е многу чест и широко раширен вид птица. Го има во Европа, Азија и Африка и на брегот на Атлантскиот Океан. Се храни над морето, во утоки и слатководни езера и реки. Птиците од север се селат на југ и зимуваат на било кој брег кој е добро снабден со риби.
Поведение
уредиГолемиот корморан, најчесто се гнезди на бреговите, се населува на карпи или дрва, но и поголем дел од животот е на копно. Тие снесуваат по 3–4 јајца во гнездо од алги или гранчиња.
Големиот корморан, иако може да се нурне во големи длабочини, тој најчесто се храни во плитки води. Својот плен често го доведува во плитката вода. Има слики од коморани, како јадат повеќе видови риби: често се забележани како јадат јагули, но за да се залаже јагулата и намести во позиција за голтање треба многу време.
Односи со луѓето
уредиМногу риболовци го сметаат големиот коморан за конкурент во риболовот. Поради ова, го ловеа скоро до истребување во минатото. Благодарение на напорите за зачувување, бројот на коморани е зголемен. Сега има 1.2 милиони птици во Европа (за разлика од бројот во зима; бројот во доцното лето е поголем).[9] Зголемувајќи ја популацијата на комораните, повторно се појави конфликтот со риболовците.[10][11]
Риболовот со корморани се практикува најмногу во Кина и Јапонија, но и насекаде во светот. Риболовците ги врзуваат комораните со врвка околу грлото, доволно стегната да не ги голтнат рибите и да ги префрлат на мали бродови. Кормораните ловат риби без да можат да ги голтнат, а рибарите можат да ги извадат рибите така што со сила ќе им ја отворат устата.
Во Норвешка корморанот е традиционална птица за игри. Во северна Норвешка, пак, кормораните се традиционално полусвети суштества. Се смета за добра среќа ако корморани се соберат близу селото или населбата. Една стара легенда вели дека луѓето кои умреле далеку, на средина на морињата и нивните тела не се пронајдени, ја поминуваат вечноста на островот Utrøst. Жителите на Utrøst може да ги посетат своите домови само во форма на корморани.
Секоја година околу 10,000 корморни се убиваат за јадење.[12]
Галерија
уреди-
Во Австралија
-
Во лет
-
Одмарајќи се со другите корморани
-
Со перје во сезона на парење
-
Со перје во сезона на парење, Индија
-
Голем корморан вон сезона на парење
-
Во лет, со перје во сезона на парење, Австралија
-
Гнездење во Австралија
-
Колонија во Литванија
-
Museum specimen
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Phalacrocorax carbo“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ „Phalacrocorax carbo Albino (Great Cormorant, Great Black Cormorant)“. MCH Portal: The Art and Science of Fishkeeping. June 14, 2011. Посетено на June 27, 2011.
- ↑ Ribak, Gal; Weihs, Daniel; Arad, Zeev (2005). „Water retention in the plumage of diving great cormorantsPhalacrocorax carbo sinensis“. Journal of Avian Biology. 36 (2): 89. doi:10.1111/j.0908-8857.2005.03499.x.
- ↑ Cormorant Архивирано на 24 ноември 2011 г.. The Canadian Encyclopedia. Посетено на 2012-08-21.
- ↑ Great Cormorant, Identification, All About Birds – Cornell Lab of Ornithology. Birds.cornell.edu. Посетено на 2012-08-21.
- ↑ Field Guide to the Birds of East Africa: Kenya, Tanzania, Uganda, Rwanda, Burundi by Stevenson & Fanshawe. Elsevier Science (2001), ISBN 978-0856610790
- ↑ Great Cormorant, Life History, All About Birds – Cornell Lab of Ornithology. Allaboutbirds.org. Посетено на 2012-08-21.
- ↑ НП Галичица
- ↑ Wetland International Cormorant Researg Group: Cormorants in the western Palearctic, Distribution and numbers on a wider European scale
- ↑ FAO publication: Workshop on a European Cormorant management Plan, 20–21 November 2007; EIFAC, European Inland Fisheries Advisory Commission
- ↑ European Parliament resolution of 4 December 2008: "on the adoption of a European Cormorant Management Plan to minimise the increasing impact of cormorants on fish stocks, fishing and aquaculture"
- ↑ Reducing the conflict between Cormorants and fisheries on a pan-European scale Архивирано на 27 февруари 2012 г., REDCAFE, Final Report; p. 12: "Around 10,000 adult Cormorants (of the ‘Atlantic’ carbo race) are hunted legally as game in Norway outside the breeding season."
Дополнителна литература
уреди- Sibley, C. G., & Monroe, B. L. (1990). Distribution and taxonomy of birds of the world. New Haven CT: Yale University Press.
- Ian Sinclair, Phil Hockey and Warwick Tarboton, SASOL Birds of Southern Africa (Struik 2002) ISBN 1-86872-721-1
- Separation of carbo and sinensis
- Newson, Stuart, Graham Ekins, Baz Hughes, Ian Russell and Robin Sellers (2005) Separation of North Atlantic and Continental Cormorants Birding World 18(3):107–111
- Millington, Richard (2005) Identification of North Atlantic and Continental Cormorants Birding World 18(3):112–123
Надворешни врски
уреди„Голем корморан“ на Ризницата ? |
„Phalacrocorax carbo“ на Викивидовите ? |
- Ageing and sexing (PDF) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 26 декември 2011 г.
- http://www.mchportal.com/photography-galleries/macro-and-nature-mainmenu-52/birds-mainmenu-54/869-phalacrocorax-carbo-cormorant-albino.html Архивирано на 3 март 2016 г.
- Great Cormorant videos, photos & sounds Архивирано на 27 април 2013 г. on the Internet Bird Collection