Паркур

(Пренасочено од Parkour)

Паркур (француски: Parkour) или познат уште како уметност на преместување (француски: l'art du déplacement)[1] — активност, чија цел е движење од една точка до друга колку што е можно поефикасно и побрзо, користејќи ги главно способностите на човечкото тело.[2] Целта му е да му помогне на поединецот да надмине пречки, кои би можело да бидат што било што се наоѓа во неговото околно опкружување, од гранки и камења до шини и бетонски ѕидови, и може да се вежба и во селски и во градски области. Оние што вежбаат паркур се нарекуваат трасери, или трасерки за жени.[3]

Трасер изведува мачкина рамнотежа (équilibre de chat)

Основан од Давид Беле и група другари во Франција, паркурот се насочува на вежбање на ефикасни движења со цел да се развие телото и умот на оној што го практикува со цел да надмине можни пречки во итен случај.

Поврзано

уреди
 
Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема:
  • Слободно искачување - стил на искачување без вештачки помагала.
  • Слободно трчање
  • Јамакаши - група основана од Јан Хнаутра, Давид Беле, Лоран Пиемонтеси и Чау Бел Дин 3 години пред паркур со нагласок на стилот, течноста и слободата. Исто така е филм од 2001 година.

Наводи

уреди
  1. Collectif Parkour France DB. „Avertissement mise en garde“ (француски). Архивирано од изворникот на 2008-02-28. Посетено на 2007-02-27.
  2. Северин Суард. „Печат - "The Tree" - L'Art en mouvement“ (JPG) (француски). Посетено на 2007-07-02.
  3. Webster's New Millennium Dictionary of English. „parkour“. Dictionary.com. Посетено на 2007-08-07.