Шнајдеров кајман

(Пренасочено од Paleosuchus trigonatus)
Шнајдеров кајман
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodilia
Семејство: Alligatoridae
Род: Paleosuchus
Вид: P. trigonatus
Научен назив
Paleosuchus trigonatus
(Schneider, 1801)
распространетост на шнајдеровиот кајман

Шнајдеровиот кајман (Paleosuchus trigonatus), е крокодиловиден влекач од Јужна Америка. Го среќаваме во Амазонскиот басен во Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор, Француска Гвајана, Гвајана, Перу, Суринам и Венецуела.

Името го добил по германскиот биолог Јохан Готлоб Шнајдер, кој го идентификувал видот во 1801 година.

Особености

уреди

Овој кајман е вториот најмал вид од фамилијата Alligatoridae достигнувајќи должина од само 2,3 метри.

Женките од овој вид почнуваат да се парат кога ќе достигнат големина до 1,3 метри, додека мажјаците, кога достигнуваат 1,4 метри (односно на возраст помеѓу 10 и 20 години). Женките положуваат 10-20 јајца. Периодот на инкубација е доста долг споредено со останатите крокодиловидни животни и изнесува 115 дена. Степенот на смртност на младите кајмани е доста високо поради многубројните природни грабливци како јагуарот, анакондата или големи гуштери.

Исхрана

уреди

Начинот на исхрана се менува со возраста на кајманот. Крокодилите кои се штотуку излезени од јајцата се хранат во водни инсекти и други членконоги. Кога ќе потпораснат, младите крокодили се хранат со инсекти но и со мали риби, птици и влекачи. Возрасните кајмани многу почесто ловат на копно отколку во вода, и се хранат со мали цицачи. Како и останатите копнени грабливци, прекриваат големи региони во кои бараат храна. Поради тоа, главата на кајманот често е високо подигната, а вратот е поставен вертикално, што им овозможува поголема прегледност на околината.

Надворешни врски

уреди