Ѕвезда од типот на PG 1159

(Пренасочено од PG 1159-ѕвезда)

Ѕвезда од типот на PG 1159 (наречена и предизродена ѕвезда)[1]ѕвезда со атмосфера сиромашна со водород која е во преодна развојна фаза од средишна ѕвезда на планетарна маглина во врело бело џуџе. Овие ѕвезди се врели, со површинска температура од 75.000 до 200.000 K,[2] и се одликуваат со атмосфери со малку водород и впивни линии за хелиум, јаглерод и кислород. Нивната површинска гравитација изнесува некаде помеѓу 104 и 106 м/с2. Некои ѕвезди од типот на PG 1159 сè ште горат хелиум.[3], § 2.1.1, 2.1.2, Табела 2. Наречени се по нивниот прототип PG 1159-035, првата откриена ѕвезда од овој вид.

Се смета дека атмосферскиот состав на ѕвездите од типот на PG 1159 е необичен бидејќи, откако ќе ја напуштат асимптотската гранка на џинови (АГЏ), тие повторно отпочнуваат со хелиумско соединување. Затоа, атмосферата на една ваква ѕвезда е мешавина од материјал кој се наоѓал меѓу обвивките што согорувале водород и хелиум во нивната родителска ѕвезда на АГЏ.[3], §1. Се смета дека со време губат маса, се ладат и стануваат бели џуџиња од типот DO.[2][4], §4.

Некои ѕвезди од типот на PG 1159 имаат променлива сјајност. Оваа мала променливост (5–10 %) се должи на нерадијални пулсирања на гравитациските бранови во нив. Вибрираат во разни модови истовремено, со типични периоди меѓу 300 и 3.000 секунди.[5][6], Табела 1. Првата позната ѕвезда од овој вид е исто така PG 1159-035, чија променливост е утврдена во 1979[7] и ја добила ознаката GW Девица (GW Vir) во 1985 г.[8] Ваквите ѕвезди се нарекуваат ѕвезди од типот на GW Девица по нивниот прототип, а класата може да се подели на DOV и PNNV ѕвезди.[6], § 1.1;[9]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Jaschek & Jaschek: CARBON C
  2. 2,0 2,1 Huegelmeyer, S. D.; Dreizler, S.; Werner, K.; Krzesinski, J.; Nitta, A.; Kleinman, S. J. (2006). „Observational constraints on the evolutionary connection between ѕвезди од типот на PG 1159 and DO white dwarfs“. arXiv:astro-ph/0610746.
  3. 3,0 3,1 Werner, Klaus; Herwig, Falk (2006). „The Elemental Abundances in Bare Planetary Nebula Central Stars and the Shell Burning in AGB Stars“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 118 (840): 183. arXiv:astro-ph/0512320. Bibcode:2006PASP..118..183W. doi:10.1086/500443.
  4. Koesterke, Lars; Werner, Klaus (1998). „Determination of Mass-Loss Rates of PG 1159 Stars from Far-Ultraviolet Spectroscopy“. The Astrophysical Journal. 500 (1): L55–L59. Bibcode:1998ApJ...500L..55K. doi:10.1086/311383.
  5. Winget, D. E. (1998). „Asteroseismology of white dwarf stars“. Journal of Physics: Condensed Matter. 10 (49): 11247–11261. Bibcode:1998JPCM...1011247W. doi:10.1088/0953-8984/10/49/014.
  6. 6,0 6,1 Quirion, P. -O.; Fontaine, G.; Brassard, P. (2007). „Mapping the Instability Domains of GW vir Stars in the Effective Temperature-Surface Gravity Diagram“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 171 (1): 219. Bibcode:2007ApJS..171..219Q. doi:10.1086/513870.
  7. McGraw, J. T.; Starrfield, S. G.; Liebert, J.; Green, R. (1979). „PG 1159-035: A New, Hot, Non-Da Pulsating Degenerate“. IAU Colloq. 53: White Dwarfs and Variable Degenerate Stars: 377. Bibcode:1979wdvd.coll..377M.
  8. Kholopov, P. N.; Samus, N. N.; Kazarovets, E. V.; Perova, N. B. (1985). „The 67th Name-List of Variable Stars“. Information Bulletin on Variable Stars. 2681: 1. Bibcode:1985IBVS.2681....1K.
  9. Nagel, T.; Werner, K. (2004). „Detection of non-radial g-mode pulsations in the newly discovered PG 1159 star HE 1429-1209“. Astronomy and Astrophysics. 426. arXiv:astro-ph/0409243. Bibcode:2004A&A...426L..45N. doi:10.1051/0004-6361:200400079.