Nokia Morph (се чита: морф), претставен на 25 февруари, 2008 во Музејот на модерна уметност во Њујорк, е заеднички проект на концепт на мобилен телефон на Истражувачкиот центар на Nokia и Универзитетот Кембриџ.

Телефонот е пример за можностите на нанотехнологијата да се воведат флексибилни материјали, провидна електроника, и само-чистачка површина на мобилните апарати.[1] Со нанотехнологијата Morph може да преземе форма онаква каква што корисникот посакува.[2]

Надворешни врски

уреди


  1. Future shaping with Morph by Nokia - GSMArena.com news
  2. 7 Jobs That Nokia's Phone of the Future Will Be Good For | Gadget Lab from Wired.com