Химна на Есватини

(Пренасочено од Nkulunkulu Mnikati wetibusiso temaSwati)

"Nkulunkulu Mnikati wetibusiso temaSwati" (македонски превод: Господе Боже наш, благослови ја Свазија) — државна химна на Есватини. Таа е комбинација од свазиските и западните стилови на музика, и била усвоена по независноста во 1968 година.[1] Автор на текстот е Фањана Симелане, а композитор на музиката е Давид Рикфорт.

Nkulunkulu Mnikati wetibusiso temaSwati
макед. Господе Боже наш, благослови ја Свазија

Национална химна на  Есватини
ТекстФањана Симелане
МузикаДавид Рикрофт
Усвоена1968 г.

Текст

уреди
Оригинал на Свати јазик Македонски превод

Nkulunkulu Mnikati wetibusiso temaSwati;
Siyatibonga tonkhe tinhlanhla;
Sibonga iNgwenyama yetfu.
Live netintsaba nemifula.
Busisa tiphatsimandla takaNgwane;
Nguwe wedvwa Somandla wetfu;
Sinike kuhlakanipha lokungenabucili
Simise usicinise, Simakadze.
Господе Боже наш, донесувач на благослов на народот на Есватини;
Тебе ти се заблагодаруваме за нашата благосостојба;
Нудиме благодарност на нашиот крал и го славиме
И нашата прекрасна земја, нејзините брда и реки.
Благослови ги сите владетели на нашата земја;
Само твој е Господ наш;
Те молиме да ни подариш мудрост без измами и зло.
Воспостави не и зајакни не, Господе Вечни.

Наводи

уреди
  1. „Swaziland“. nationalanthems.info. Посетено на 2009-10-04.

Надворешни врски

уреди