Neisseriaceae е единствената фамилија од редот Neisseriales од бета протеобактериите. Опфаќа различни човечки патогени видови. Именувана е по Алберт Неисер. Познат претставник од оваа фамилија е Neisseria meningitidis, многу често нарекувана и менингокока. Бактеријата може да предизвика инфекција на мозокот, кожни инфекции и труење на крвта.

Neisseria gonorrhoeae, предизвикувач на гонореја.

Одлики

уреди

Претставниците се кокоидни, се наоѓаат како единечни, во парови или во гроздови. Се формираат и стапчевидни клетки. Поседуваат пили и им е потребен слободен кислород за нивниот метаболизам (аероби). Со исклучок на родот Aquaspirillum, кај другите отсуствуваат флагелуми. Клетките не формираат спори. Кога клетките се насобрани во форма на гроздови потребна им е температура од 32-36 ° C за оптимален раст. Пигменти синтетизираат само родовите Vogesella и Chromobacterium.

Многу видови се паразити на топлокрвните животни. Важни патогени на луѓето се наоѓаат во родот Neisseria .

Систематика

уреди

Систематиката на оваа фамилија е изменета со оглед на некои молекуларно-биолошки истражувања на генетските структури (споредба на ДНК, 16S rRNA). Родовите кои претходно припаѓале во оваа фамилија (како Moraxella, Acinetobacter и Psychrobacter) сега се наоѓаат во посебната фамилија Moraxellaceae[1]. Видот Branhamella catarrhalis сега се среќава под видовото име Moraxella catarrhalis[1].

Некои родови се:[2]

Родовите Chromobacterium, Iodobacter и Vitreoscilla понекогаш се сврзуваат кон групата на Chromobacterium.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 R. Rossau, A. van Landschoot, M. Gillis and J. Deley: Taxonomy of Moraxellaceae fam. nov., a New Bacterial Family To Accommodate the Genera Moraxella, Acinetobacter, and Psychrobacter and Related Organisms In: Internation Journal of Systematic and Evolutionary Microbiology 41, S. 310-319, 1991
  2. J.P. Euzéby: List of Prokaryotic names with Standing in Nomenclature Familie Neisseriaceae Архивирано на 15 јуни 2008 г.

Литература

уреди
  • George M. Garrity, Don J. Brenner, Noel R. Krieg, James T. Staley (Hrsg.): Bergey's manual of systematic bacteriology. Vol. 2: The Proteobacteria Part C: The Alpha-, Beta-, Delta-, and Epsilonproteabacteria. 2. Auflage. Springer, New York 2005, ISBN 978-0-387-24145-6 (германски)