Need for Speed: Hot Pursuit (2010 видеоигра)
Need for Speed: Hot Pursuit е видео игра произведена од Electronic Arts, дел од серијата Need for Speed. Развиен е од Criterion Games и објавен од Electronic Arts за платформите PlayStation 3, Xbox 360, Microsoft Windows и iPhone. Wii верзија беше развиена од Exient. Hot Pursuit е 16-ти наслов во серијата и беше објавен во ноември 2010 година.
Need for Speed: Hot Pursuit | |
---|---|
Изработувач(и) | Criterion Games |
Издавач(и) | Electronic Arts |
Режисер(и) | Алекс Вард Крег Саливан Фиона Спери |
Продуцент(и) | Алан МекДермант Хамиш Јанг Мет Вебстер |
Уметник(ци) | Хенри ЛаБунта Јута Накамура |
Композитор(и) | Мариос Такушис Ванеса Лорена Тејт |
Серијал | Need for Speed |
Подлоги | PlayStation 3, Microsoft Windows, Xbox 360 |
Датум на издавање | 16 ноември 2010 |
Жанр(ови) | Трки |
Режим(и) | Едноиграчка игра, Повеќеиграчка игра |
Need for Speed Hot Pursuit воведува револуционерна социјална мрежа наречена Need for Speed Autolog, која директно ги поврзува играчите со нивните пријатели со автоматско снимање и споредување на перформансите на секоја личност. Играта е достапна и во Романија за платформите Xbox 360, PlayStation 3, PC. Беше добро прифатен од критичарите на E3 2010 и беше награден со „Најдобра тркачка игра“ на Game Critics Awards, како и на други награди.