Национална хокеарска лига

(Пренасочено од NHL)

Националната хокеарска лига (англиски: National Hockey League, NHL) — професионална лига во хокеј на мраз составена од 30 клубови од Северна Америка. Се смета за најсилната професионална хокеарска лига во светот,[1] и една од главните професионални спортски лиги на северноамериканскиот континент. Победникот на лигата секоја година го освојува Стенли купот, еден од најстарите професионални спортски трофеи[2].

Национална хокеарска лига (НХЛ)
National Hockey League (NHL)
Амблемот на НХЛ бил обновен во 2005
КратенкаНХЛ (NHL)
Основана1917
ЦелЗдружение на професионални спортски клубови за хокеј на мраз
Регион Канада
 САД
Членство30 клубови
ДиректорГери Бетмен
Мреж. местоNHL.com

Лигата е основана во 1917 година во Монтреал, Канада, од 5 тима: Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас. Денес, лигата брои 30 клубови од кои 6 се канадски, а останатите 24 од САД.

Во НХЛ играат многу од најдобрите играчи од целиот свет. Оваа година (2008.) во лигата настапуваат играчи од 20 различни земји.[3][4] Канаѓаните традиционално се најбројните играчи во НХЛ бидејќи и спортот хокеј и лигата потекнуваат од Канада. Во последните 25 години, учеството на играчи од САД и Европа постојано се зголемува поради ширењето на НХЛ во САД, високите спортски стандарди и достапноста на квалитетни играчи од Источна Европа.[5]

Наводи

уреди
  1. Марш, Џејмс (2006). „Национална Хокеарска Лига“. Канадска Енциклопедија. Архивирано од изворникот на 2011-05-18. Посетено на 2006-06-11.
  2. „NHL.com - Факти за Стенли Купот“ (англиски). НХЛ. Посетено на 2006-07-15.
  3. „НХЛ сѐ уште најмногу ги сака Чесите“. IWHC.net. 2006–05–16. Архивирано од изворникот на 2007-07-14. Посетено на 2006-06-09. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „НХЛ сака да го замрзне глобалното затоплување“. NHL.com. Посетено на 2008-04-26.
  5. Европските играчи во НХЛ преземаат водечки и капитенски улоги.

Надворешни врски

уреди