Metro Ethernet претставува компјутерска мрежа која покрива големо градско подрачје (метропола), или поголема логичка целина на населено место, и истата е заснована на Ethernet стандардот. Истата се нарекува Metropolitan Area Network и служи за да обезбеди поврзување помеѓу пратплатници на мрежата од поглед на физички корисници како и бизнис организации а сè со цел овозможување на пристап до Интернет. Претплатата обично оди преку семрежни услужници(IP), каде освен основните услуги за физички лица, може да се закупат и специјални линии за бизнис корисници кои ќе го поврзат седиштето на фирмата со нејзините филијали.

Метрополитска област на Ethernet систем

Кога ќе се земат предвид технологиите : Ethernet, SONET/SDH , како и PDH, сепак како најевтина варијанта споредбено со пропусниот опсег е Ethernet технологијата, која притоа може да обезбеди и висококвалитетни сервиси а и поголем пропусен опсег, што не е случај со SDH врската. Голема предност во однос на другите технологии е и тоа што многу лесно може да се воспостави врска во една т.н клиент-мрежа а поскоро и во станбени објекти.

Типови на користење на Ethernet преку MAN(Metropolitan Area Network)  :

  • Чист Ethernet
  • Ethernet преку SDH(Synchronous Digital Hierarchy)
  • Ethernet преку MPLS (Multiprotocol Label switching)
  • Ethernet преку DWDM(Dense Wavelength Division Multiplexing)

Употребата на Чист Ethernet е евтино но истото е помалку сигурно и размерливо и обично ограничена на експериментални употреби и распоредувања. SDH - заснована употреба и распоредување е корисна кога имаме постоечка SDH – инфраструктура, а главна маана е губење на флексибулност во управувањето со пропусниот опсег заради крутата хиерархија наметната од страна на мрежата на SDH. MPLS – заснованите распоредувања се најскапи, но со висок степен на сигурност и размерливост и истите најчесто се нудат од страна на големите сервис – услужници.

Чист Ethernet

уреди

Чист Ethernet заснованата MAN(Metropolitan Area Network),за внатрешната структура користи само свичови кои функционираат на вториот слој од OSI моделот, со што се овозможува многу едноставен и евтин дизајн и релативно едноставна почетна конфигурација. Оригинално постоечката Ethernet технологија заснована на shared-media мрежа не дозволувала изолација на информациите и со тоа било тешко да се имплеметираат приватни кола и заштита на информациите. Изводливоста на Ethernet – MAN мрежите станува реалност дури во 90-тите години од минатиот век, со развојот на нови технологии кои овозможуваат тунелирање на сообраќајот со помош на т.н виртуелни мрежи, како што се point to point и multipoint to multipoint кола. Во комбинација со новите технологии и опции како што се VLAN Stacking (познато и како тунелирање), како и VLAN Translation, станува возможно да се оддели и изолира сообраќајот на корисниците едни од други како и од јадрото на внатрешниот мрежен сообраќај. Ethernet – от постојано се развива и има вметнато нови содржини во форма на протоколи како што се : IEEE 802.1ad (Provider Bridges), IEEE 802.1ah (Provider Backbone Bridges), и IEEE 802.1Qay (Provider Backbone Transport).

Недостатоци

уреди

Постојат три главни недостатоци при некористење на PBT/PBB(Provider Backbone Transport)/(Provider Backbone Bridges) - Ethernet пристап до MAN :

  • Според дизајнот свичовите кои функионираат на 2-то ниво од OSI употребуваат фиксни табели за да го насочат сообраќајот заснован на MAC адреси на крајните поврзувачки точки. Со зголемувањето на мрежата, бројот на MAC адресите кои транзитираат низ може да го надминат капацитетот на прекинувачите на јадрото. Ако дојде до тоа да се наполнат табелите, ќе настанат катастрофални загуби на перформансите заради огромниот проток на пакетите низ целата мрежна структура. Овој проблем може да се надмине до одреден степен со паметно дизајнирана мрежа и чување на мрежните сегменти во мал број, а сè со цел да можат да ги поддржат ограничувањата на опремата во однос на MAC табелите. Во чист – Ethernet , мрежата би требало да биде групирана во мали сегменти, каде поевтините MAC табелски уреди се во мала географска раздалеченост поврзани со повеќе агрегациски уреди. Со ова се овозможува географските локални сегменти да бидат меѓусебно поврзани со поевтина опрема, а големите географски сегменти со поскапа опрема. Со ова се постигнува зачувување на помалите MAC табели и се помага да одржи размерливоста на чистиот Ethernet.
  • Стабилноста на мрежата е кршлива категорија посебно ако се споредува со SDH и MPLS пристапите. Времето потребно за да се обнови стандардниот Spanning Tree Protocol се движи во рамки од неколку секунди, за разлика од другите пристапи во алтернативните мрежи каде обновата се врши за делови од секунда. Постојат оптимизациски стандарди усвоени од страна на IEEE , кои се занимаваат со барање на решенија за да се решат овие проблеми. Со паметна употреба на истите се овозможува постигање на стабилност на мрежата.
  • Ограниченост на алатките за сообраќај е голем проблем. Постојат само неколку алатки со кои може да се управува топологијата на мрежата, и предвидувањата на сообраќајот може да биде голем проблем за некој што е релативно нов во работата со мрежи.

Предности

уреди

За разлика од овие три главни недостатоци при на PBT/PBB(Provider Backbone Transport)/(Provider Backbone Bridges) - Ethernet заснованите MAN се користат за две основни цели :

  • За помал број на корисници, чиста Ethernet MAN - мрежата високо делотворна со помала цена на чинење, и ја има предноста од немање на потребно предзнаење за IP или други протоколи како што се BGP и MPLS коишто се неопходни ако се работи за MPLS. Зголемување до илјадници корисници може да се постигне ако се следат внимателно правилата за дизајнирање на мрежата.
  • Во големите Metro Ethernet мрежи, заедничко за делови на пристап е употреба на Layer 2 дизајн. На ова ниво употребата на Layer 2 дизајнот е поевтино, но сепак остануваат исти одликите на ограничувањата на истиот.

SONET/SDH – засновани Ethernet MAN – мрежи

уреди

Ваков тип на заснована Ethernet – MAN мрежа вообичаено се користи како меѓу чекор при преод од мрежи засновани на распределба на време во модерна статистичка мрежа како што е Ethernet. Во овој модел, постоечката SDH инфраструктура се користи за пренос на податоци со голема брзина, а како главна придобивка од овој пристап е високото ниво на сигурност што се темели на природата на SDH заштитните механизми и обновување на врските за 50 ms за сериозни неуспеси. Цената на ваквиот тип на засновани Ethernet MAN засновани мрежи е поголема заради високата цена на SDH потребната опрема, заради имплементација на ваквиот тим на мрежи.

MPLS засновани Ethernet MAN – мрежи

уреди

Овој тип на засновани Metro Ethernet мрежи како и врската најчесто до корисникот пристигнуваат преку бакарен проводник или оптички проводник. Вклучениот Ethernet пакет на корисникот се пренесува преку MPLS, и обезбедувачот на пристап(сервис услужникот), употребува Ethernet како базна технологија за пренос на MPLS, и истиот обезбедува високи перформанси.

Предности на MPLS-заснованите Metro Ethernet мрежи во однос на чист Ethernet се:

  • Размерливост
  • Еластичност
  • Повеќепротоколарна конвергенција
  • Лесна администрација, отстранување на грешки

Надворешни врски

уреди