Градска компјутерска мрежа

Градската компјутерска мрежа - ГКМ, (англиски: Metropolitаn Arrea Network - MAN) е голема компјутерска мрежа која опфаќа цел град или некој голем комплекс. ГКМ обично поврзува голем број на локални компјутерски мрежи, користејќи висококапацитетна технологија, како фибер-оптички врски, и обезбедува врски и услуги кои ги користи широката мрежа (WAN) и интернет.

Според IEEE 802-2001 MAN е [1]:

MAN е оптимизирана за поголема географска област од локалните мрежи, почнувајќи од неколку блока со згради па до цели градови.Добивањето на умерена, до висока податочна рата, кај MAN обично зависи од комуникациските канали. MAN ,може да биде поседувана и управувана од страна на една организација, но обично се користи и од други организации и поединци. МAN исто така може да биде поседувана и управувана и како јавна услуга, која ќе овозможува комуникација и поврзаност на локалните мрежи.

Авторите Kenneth C. Laudon и Jane P. Laudon(2001), кои го напишале трудот Менаџмент На Компјутерските Системи: Менаџирање на дигитални фирми 10-та едиција, ја дефинираат Метрополитната мрежа како:

Метрополитната мрежа (MAN)е голема компјутерска мрежа која зафаќа голема област или некој комплекс.Нејзиниот географски опсег спаѓа помеѓу широката мрежа-WAN и локалната мрежа LAN.MAN обезбедува интернет поврзаност за локалните мрежи во метрополитниот регион, и ги поврзува на широките мрежи како што е интернетот.

Може исто така да се користи и кај кабелската телевизија.

Имплементација
уреди

Некои од технологиите кои се користат со оваа цел се Асинхроните трансверни модули (ATM), FDDI И SMDS. Овие технологии се во процес на "исселување" од страна на Етернет-заснованите врски (Метро етернет)во повеќе области. MAN врските помеѓу локалните мрежи се градат без кабел, користејќи микробранови,радио, или инфра-црвени ласерски врски. Многу од компаниите позајмуваат или земаат на лизинг вакви "носачи" бидејќи поставувањето на долги врски со кабел може да чини многу.

DQDB, е Метрополитенски мрежен стандард за податочна комуникација. Наведен е во IEEE 802.6 стандардот. Користејќи DQDB, мрежата мозеже да биде дури до 20 милји или 30 километри долга, и да работи со брзина од 34 до 155 Mb/s. Неколку значајни мрежи кои започнале како MAN се MAE-West, MAE-Ist и Sohnet Media Network.

Наводи

уреди
  1. IEEE Std 802-2001, IEEE Standard for Local and Metropolitan Area Networks: Overview and Architecture, page 1, section 1.2: "Key Concepts", http://standards.ieee.org/getieee802/download/802-2001.pdf