Голем северен нуркач

(Пренасочено од Mergus merganser)
Голем северен нуркач
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Merginae
Род: Mergus
Вид: M. merganser
Научен назив
Mergus merganser
Linnaeus, 1758
Подвид

3

Range
Синоними

Merganser americanus Cassin, 1852

Mergus merganser

Голем северен нуркач (Mergus merganser) е вид птица од семејството патки. Ја има во Македонија. Една од најценетите птици-работнички во риболовот со птици на Дојранското Езеро[2]

Распостранетост

уреди

Овој вид патки најмногу е распостранет во Европа, северна и Средна Азија и во Северна Америка.

Опис

уреди

Долги се од 58 до 72 cm, а распонот на крилјата им е 78–97 см. Тешки се од 0,9 до 2,1 кг. Најчесто мажјаците се потешки од женките. Телото на мажјаците им е бело со розово, а грбот црн. Опашката им е сива, крилјата им се црно-бели, а главата им е црна со зелен сјај. Поголемиот дел од телото на женките е сив, а главата им кафено-црвена.

Живеалиште

уреди

Тие живеат покрај длабоки езера, заливи и реки, а во зима живеат и во солените води.

Исхрана

уреди

Како и другите патки од нивниот род, се хранат во главно со риби, мекотели, ракови, црви, инсекти и водоземци, за кои нуркаад под вода. Нивните клунови лесно им овозможуваат ловење на пленот.

Размножување

уреди

Женките почнуваат да ги одгледуваат малечките на две години, а гнездата им се наоѓаат во близина на водите, во шуплините на дрвата, пукнатините на карпите или кај корените на дрвјата. Женките обично несат 9-12 јајца, а инкубацијата трае од 28-35 дена. Најчесто после инкубацијата, мажјаците го напуштаат гнездото. На малечките им треба една недела за да научат да нуркаат, а потоа нивните мајки ги напуштаат.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Mergus merganser. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Состојба со птиците во Македонија 2012

Надворешни врски

уреди