Црн кајман

(Пренасочено од Melanosuchus niger)
Црн кајман
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodilia
Семејство: Alligatoridae
Род: Melanosuchus
Вид: M. niger
Научен назив
Melanosuchus niger
Spix, 1825

Црниот кајман (Melanosuchus niger) е месојадно крокодиловидно животно кое живее во мирни реки и езера, како и во сезонски поплавени савани во амазонскиот басен, како и во други слични слатководни системи во Јужна Америка. Во минатото бил доста распространет, но поради прекумерниот лов поради високоценетата кожа е доведен на работ на изумирање. Денес овој вид се наоѓа на списокот на животни зависни од заштита[1]. Црниот кајман е единствениот преживеан вид на родот Melanosuchus.

Особености

уреди

Црниот кајман има коскен израсток над неговите црвени очи и црна кожа. Бојата на кожата е одлична камуфлажа за ова животно кое е ноќен ловец, но исто така помага и при апсорпција на топлина за време на денскиот период.

Големина

уреди

Овој вид на кајман е еден од најголемите влекачи и најголем член на фамилијата Alligatoridae. Расте до 5 метри должина, што го прави најголем грабливец во Амазонскиот басен. Најголемиот регистриран примерок од овој вид бил долг 7,7 метри и тежел 1310 килограми. Убиен е во Акре, Бразил во 1965 година и се смета за најголемото крокодиловидно животно заедно со морскиот крокодил. Повеќето возрасни црни кајмани се долги помеѓу 3 и 4,3 метри, а постарите мажјаци ретко растат поголеми од 5 метри.

Исхрана

уреди

Овие животни се хранат со риби (вклучувајќи ги и пираните), птици, желки и копнени животни како капибарата и елени кои доаѓаат да пијат вода во реките. Поголемите единки ловат и тапири и анаконди, а способни се и за лов на други грабливци како пума и јагуар. Јагуарите се познати грабливци на другите видови кајмани како и на младите црни кајмани, но секој кајман кој е со должина поголема од 4 метри всушност нема природни грабливци (поради големина, тежината и огромната сила на вилиците). Нивните заби се дизајнирани да зграпчат но не и да го растргаат пленот, па затоа тие го голетаат целиот плен откако ќе го удават во водата. Младите кајмани на овој вид се хранат со ракови и инсекти.

Главен грабливец на црниот кајман е човекот, кој ги лови овие животни поради кожата и месото. Постојат приказни дека овој вид јаде и луѓе, што е возможно доклку се земе предвид неговата големина, но сепак, како и во случајот на ориночкиот крокодил од Венецуела, многу е неверојатно да дојде до вакви напади поради фактот дека популациите на овие крокодиловидни животни се во многу мал број.

Размножување

уреди

Во декември, женките градат гнезда од земја и растенија, кои се со должина од 1,5 метри и широки околу 70 сантиметри. Во нив положуваат 50-60 јајца, од кои се изведуваат младите кајмани после 6 недели инкубациски период. Регистрирани се случаи на повремен канибализам. После излегувањето од јајцата, женката ги пренесува младите, земајќи ги во уста, до водата. Мајката исто така помага и при излегувањето на младите од јајцата, тркалајќи ги јајцата помеѓу забите и кршејќи ја лушпата. Мајката се грижи за младите во наредните неколку месеци. Женките од овој вид се размножува еднашна 2 до 3 години.

Наводи

уреди
  1. Melanosuchus niger. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2000. Посетено на 5 мај 2006. Database entry includes a brief justification of why this species is Conservation Dependent.

Надворешни врски

уреди