Малев

(Пренасочено од Malev Airlines)

Малев (унгарски: Magyar Légiközlekedési Vállalat) беше национален авиопревозник на Унгарија и авиокомпанијата е заснована на аеродромот во Будимпешта. Леташе на 50 одредишта низ 34 земји ширум светот. Малев е член на алијансата Oneworld од април 2007 година.

Malév Hungarian Airlines
Magyar Légiközlekedési Vállalat
IATA ICAO Ознака
MA MAH MALEV
Основан1946
ЈазлиАеродром Будимпешта
Програма за чести летачиDuna Club
СојузOneworld
Летала22
Одредишта50
СедиштеБудимпешта, Унгарија
РаководствоPéter Leonov (Извршен Директор)
Мрежо местоhttp://www.malev.hu
Malév head office

Историја

уреди

Компанијата официјално е основана на 29 март 1946 година, кога Унгарско - Советска компанија за цивилно воздухопловство беше формирана. Флотата во тоа време броеше 2 авиона, Li-2 и Po-2. За време на комунистичкиот режим во Унгарија, флотата на Малев се состоеше главно од авиони од советско потекло, од типот Туполев, со кој сообраќаше на одредишта во Европа и Блискиот Исток. Некаде при крајот на комунистичкиот режим, Малев во својата флота додаде авион од типот Боинг 737-200. Моментално флотата на Малев брои вкупно 18 авиони од типот Боинг 737, еден авион од типот Боинг 767, како и неколку авиони од типот Фокер 70 и Бомбардиер CRJ 200. На 12 јули 2007 година, Лојд Пакстон беше назначен за извршен директор на авиокомпанијата. Пакстон беше во одборот на директори на British Airways цели 35 години. На 14 септември 2007 година, Лојд Пакстон даде отказ на работното место, при што, за негов заменик беше назначен Петер Леонов. Со работа престанува на 3 февруари 2012 година кога е прогласен банкрот.

Одредишта

уреди

Погледни опширно, Одредишта на Малев.

Авиокомпанијата главно леташе на одредишта низ Европа, но исто така оперираше и на некои одредишта до Северна Америка и Азија. На 29 октомври 2007 година, Малев објави дека ги прекинува северно Американските одредишта за време на зимскиот период, со главна причина дека сообраќајот за време на зимскиот период е драстично намален, и со тоа придонесува загуба за авиокомпанијата.

Флота

уреди
Малев Флота
Авион Вкупно Патници Одредишта Забелешки
Боинг 737-600 6 102 (19/83) Европа, Азија, Блискиот Исток
Боинг 737-700 7 119 (24/95) Европа, Азија, Блискиот Исток
Боинг 737-800 5
(Позајмен за време на зимска сезона 08/09)
164 (19/145)
180
Европа, Азија, Блискиот Исток и Африка еден авион позајмен на Livingston Energy Flight
Бомбардиер Q400 4 (од Септември 2008) 72 Европа