Macrophya superba
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Macrophya
Вид: M. superba
Научен назив
Macrophya superba
(Tischbein, 1852)

Macrophya superba е вид на растителна оса во семејството Tenthredinidae.

Живеалиште

уреди

Географската распространетост на оваа оса е: Југоисточна Европа и Турција. Во Македонија се среќава во неколку места.[1]

Биологија

уреди

Возрасните единки достигнуваат должина од 11-13 милиметри. Главата и антените им се црни. Клипеусот, горната усна и основата на мандибулите жолти. Градите црни, работ на пронотумот, тегулите и скутелумот жолти. Мезонотумот малку пунктиран и блескав, На нозете коксите црни, понекогаш на врвот жолти. задните нозе жолтоцрвеникави. Внатрешните страни на фемурите делумно црни.Крилата жолтеникави, жилките светлокафеави, стигмата црвеникавожолта.[1] Абдоменот црн, со жолти појаси на првиот тергит и прекинати жолти појаси на четвртиот до деветтиот тергит.[1]

Ларвата и биологијата на видот се непознати.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 227