Mинистерство за односи меѓу заедниците на Македонија


Министерството за односи меѓу заедниците или скратено МОМЗ ,министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за односи меѓу заедниците е Иван Стоилковиќ.

Министерството за односи меѓу заедниците
Податоци за органот
Основан 2024
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 24[1] (2024)
Годишен буџет 22.406 милиони MKD[2] (2024)
Надлежен министер Иван Стоилковиќ

Надлежности

уреди
Надлежностите на министерството се:[3]
  • обезбедување и координација на поддршка на Владата во реализација на стратешкиот приоритет поврзан со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор,
  • обезбедување и реализација на финансиски средства потребни за успешно одвивање на процесот на реализација на обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор во рамките на Буџетот на Македонија и од донаторите,
  • обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на Рамковниот договор,
  • унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците како група на државјани на Македонија, а која традиционално живеат на територијата на Македонија, при што нејзините припадници имаат различни етнички, јазични, културни, религиозни или други особености и ги води желбата за заштита и негување на тие особености,
  • следење на спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците,
  • гарантирање на заштитата на етничкиот, културниот и јазичниот идентитет на заедниците,
  • меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на односите меѓу заедниците,
  • други прашања што се однесуваат на односите меѓу заедниците,
  • следење на состојбата во односите помеѓу заедниците во Македонија на национално ниво, по региони и во единиците на локалната самоуправа и изготвување извештаи и препораки до Владата на Македонија, како и до Комитетот за односи меѓу заедниците,
  • промовирање и преземање на мерки за унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Македонија,
  • давање на стручни мислења по материјалите кои се во функција на спроведување и унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Македонија,
  • давање на поддршка на Владата во обезбедување на правичната и соодветната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната управа,
  • давање на поддршка во подготвувањето на методологија за донесување на акциони планови на Владата во областа на правичната застапеност при вработувањето и
  • врши и други работи утврдени со закон.
  • Во состав на Министерството за односи меѓу заедниците се: Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците,Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Македонија.

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2024 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2024. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-04-18. Посетено на 2024-06-09.
  2. „Буџет на Република Македонија за 2024 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2024-06-19. Посетено на 2024-06-19.
  3. „Општи информации за министерството“. Архивирано од изворникот на 2018-05-02. Посетено на 2021-08-13.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди