Lo-Lee-Ta-Too
Lo-Lee-Ta-Too — музички албум на македонската група „Фолтин“ од 2005 година, издание на „Ding Dong Records“.
Список на песни
уредиАлбумот содржи девет песни:[1]
- Financial Times
- Lo-Lee-Ta-Too
- The Tip of the Tongue
- I'll Die If You Touch Me
- Ding Dong
- Psst!
- Garneta
- Prsti prsti
- Milice
Опис на албумот
уредиНа албумот настапуваат следниве музичари:[2]
- Бранислав Николов - вокал и акустична гитара
- Пеце Трајковски - хармоника и акустична гитара
- Пеце Николовски - кларинет и усна хармоника
- Петар Димитровски - клавијатури, електрично пијано и органа
- Славе Јовев - тапани
- Гоце Јовановски - контрабас
- Стево Тасевски - тенор саксофон и кларинет
- Сенко Велинов - вокал
- Оливие Самулијан - виола
Автори на музиката и на текстовите се членовите на „Фолтин“, со исклучок на наеколку песни за кои текстовите се напишани од: Владимир Набоков и Пјер де Росан. Албумот е снимен во студиото „Zlust“ во Скопје, освен песната песната „I'll die if you touch me, која е снимена во скопското студио „Тра-ла-ла“ во февруари 2005 година. Сите песни се компонирани и аранжирани од членовите на групата; инженери на звукот биле Бојан Угриновски и Мите Димоски (само на песната „I'll die if you touch me“; албумот го миксирал Мите Димовски; продуценти на албумот се членовите на „Фолтин“ и Иво Антов; автор на дизајнот на обвивката е Атанас Георгиев.[3]