Јапонски ариш

(Пренасочено од Larix leptolepis)
Јапонски ариш
Кора и листови
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Род: Ариши
Вид: Јапонски ариш
Научен назив
Larix kaempferi
(Lamb.) Carr.
Синоними

Larix leptolepis Siebold & Zucc.

Јапонскиот ариш (научLarix kaempferi); јапонски: 唐松, карамацу) — вид на ариш со потекло од Јапонија, поточно од планинските предели на регионите Чубу и Канто во средишниот дел на Хоншу. Присутен е и во Македонија, каде е воведен во 1950-тите.[1][2]

Ова е листопадно иглолисно дрво, средно до високо по големина, достигнувајќи височина до 20-40 м, со пречник на трупот до 1 м. Крошната му е широка и конусна; главните и гранки му се хоризонтални, а страничните исто така, со ретки исклучоци. Фиданките му се диморфични, со тоа што растот се дели на долги фиданки (10-50 см) со неколку пупки, и кратки фиданки (1-2 мм) со само една пупка. Листовите му се иглични, светло-синозелени, со должина од 2-5 см; пред да паднат на есен стануваат светлжолти до портокалови, така оставајќи ги розово-кафените фиданки голи сѐ до следната пролет.[2]

Шишарките им се исправени, јајчесто-конусни, со должина од 2-3,5 см, и со 30-50 семени лушпи свиени на рабовите; во младоста тие се зелени, а кога ќе созреат се отвораат и ги пуштаат семињата, што се случува 4-6 месеци по опрашувањето. Старите шишарки остануваат на дрвото долги години, и по боја се сиво-црни.[2]

Дрвото вирее на надморска височина од 500-2.900 м на добро исцедена почва, и избегнува расквасена земја.

Научниот назив дрвото го носи во чест на германскиот природонаучник Енгелберт Кемпфер. Дрвото е познато и по синонимот Larix leptolepis.

Употреба

уреди

Јапонскиот ариш има важна улога во шумарството, и се одгледува ширум северна и средна Јапонија (на север до Хокаидо), но исто така нашироко и во северна Европа, особено во Велика Британија. Дрвото му е цврсто и трајно, и се користи за општо градежништво. Често се среќаваат и огради од мали аришови прачки.

Наводи и надворешни врски

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 81. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Farjon, A. (1990). Pinaceae. Drawings and Descriptions of the Genera. Koeltz Scientific Books ISBN 3-87429-298-3.

Галерија

уреди