Контролен број на Конгресната библиотека

(Пренасочено од LCCN (identifier))

Контролниот број на Конгресната библиотека (крат. LCCN од англ. Library of Congress Control Number) — сериски систем на нумеризација на каталожни записи во Конгресната библиотека (национална библиотека) на САД. Податоците поврзани со бројот не се однесуваат на содржината на книгите, и затоа овој идентификатор е сосем различен од класификацијата на Конгресната библиотека.

Нормативна податотека на мрежното место на Конгресната библиотека

Библиотекарите ширум светот се служат со овој единствен идентификатор при каталогизација на највеќето книги издадени во САД. Со помош на бројот, тие доаѓаат до исправните каталожни податоци што Библиотеката на конгресот и трети странки ги нудат на интернет и други места.

Во февруари 2008, Библиотеката на конгресот ја вовела услугата за постојани врски за LCCN, овозможувајќи стабилни URL-адреси за сите контролни броеви.[1]

Формат

уреди

Во најосновен облик, бројот ја содржи годината и серискиот број на делото. Годината е претставена со две цифри за периодот од 1898 до 2000 г, и четири цифри за 2001 и натаму. Трите двосмислени години се разликуваат по големината на бројот. Бројките што почнуваат со „7“ се малку необични, што се должи на неуспешен експеримент спроведен од 1969 до 1972 г.

Сериските броеви имаат по шест цифри и треба да ги содржат почетните нули. Цртичките што ги одделуваат годината и серискиот број се незадолжителни. Во последно време, библиотеката им препорачува на издавачите да ги изоставаат.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Новости од Конгресната библиотека - Годишна конференција: јануари-мај 2008“. Посетено на 29 септември 2008. (англиски)

Надворешни врски

уреди