Ќари Памју Памју
Кјари Памју Памју (きゃりーぱみゅぱみゅ , Kyarī Pamyu Pamyu, родена 29 јануари 1993) е јапонска моделка, блогерка и пејачка од Хараџуку областа на Токио. Нејзиното официјално уметничко име е Каролин Чаронплоп Кјари Памју Памју.
Кјари Памју Памју | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Кирико Такемура[1] |
Роден(а) | 29 јануари 1993 Нишитокио, Токио, Јапонија |
Потекло | Токио, Јапонија |
Жанрови | J-pop, поп, денс, рок |
Занимања | пејач, модел, блогер |
Период на активност | 2010–денес |
Соработници | Warner Music Japan |
Мреж. место | kyary.asobisystem.com/index.php |
Кариера
уредиКјари стартираше како моден блогер а потоа ја започна својата професионална кариера како модел за Хараџуку модни списанија како што се Kera! и Zipper.[2] По постигнатата слава почна да се втемелува како стопанственичка лансирајки линија на вештачки трепки наречена "Harajuku Doll Eyelashes by Eyemazing x Kyary"[3] и да се појавива на модни ревии.[4] Во април 2011 го организираше настанот "One Snap For Love" заедно со јапонскиот моден уредник и фотограф Јасума Јонехара и јапонскиот бренд 6%DokiDoki, кој беше посветен на жртвите од 2011 Тохоку цунмито и земјотресот.[5]
Во јули 2011 ја започна својата музичка кариера издавајки го својот прв сингл "PonPonPon". Музичкиот спот, посветен на Kawaisa и Decora културата беше објавен на YouTube и стана вирусен хит.[6][7] Американската пејачка Кејти Пери, обожавател на Кјари, го претстави музичкото видео на својот твитер.[8] Јасутака Наката е продуцент на синглот кој е првата песна од мини-албумот на Кјари, Моши Мoши Хараџуку (Moshi Moshi Harajuku), кој беше издаден на 17 август 2011.[9] "PonPonPon" беше издаден на 31 јули 2011 и влезе во Billboard Japan's Hot 100s на 72 место.[10]
Вториот сингл, "Jelly", беше меѓународно издаден на iTunes на 3 август 2011. Една недела по издаваљето на својот мини-албум, Кјари издаде и афтобиографија за својот успех и слава поименувана Oh! My God!! Harajuku Girl.
На 7 декември 2011, новите сигл и видео на Кјари Памју Памју, "Tsukema Tsukeru" беа дигитално и меѓународно издадени преку iTunes.
На 9 декември 2011, Кјари Памју Памју ги посети обединетите држави да настапи на модна ревија и исполни две од своите хит песни во Culver City. Тоа е првпат за Кјари да настапува во туѓина и првпат да ја пее "Tsukema Tsukeru."[11]
На 1 јануари 2012, нејзиниот прв физички сингл излегна, поименуван "Tsukema Tsukeru", во кој беше вклучена и специално издание на книга со слики.
Дискографија
уреди- 2011: Moshi Moshi Harajuku
- Синглови
- 2012: "Tsukema Tsukeru"
Наводи
уреди- ↑ kyary pamyu pamyu (official Facebook page)
- ↑ Kyary Profile in Japanese and English. Kyary.asobisystem.com. Посетено на 2011-12-08.
- ↑ Harajuku Doll Eyelashes by Eyemazing x Kyary. Tokyofashion.com. Посетено на 2011-12-08.
- ↑ Spinns Harajuku Fashion Show Pictures – Spring 2011. Tokyofashion.com. Посетено на 2011-12-08.
- ↑ Harajuku earthquake relief effort frontlining Kyary. Tokyofashion.com (2011-04-04). Посетено на 2011-12-08.
- ↑ Dooling, Annemarie (2011-07-27). „'PonPonPon' Gives Us A Kawaisa Seizure“. Huffington Post.
- ↑ Favorite Summer Artists & Cats Grilling Out (!!!): It's Episode 2 Of MTV's Pop Music Web Show, 'Bigger Than The Buzz'! Архивирано на 17 јуни 2012 г.. Buzzworthy.mtv.com (2011-08-04). Посетено на 2011-12-08.
- ↑ Twitter / @katyperry: I'm so in love with her bu ...
- ↑ „Kyary Pamyu Pamyu "PonPonPon" Music Video w/ Art by 6%DokiDoki“.
- ↑ „Hot 100 Billboard Japan Charts (ja)“ (јапонски).
- ↑ „Kawaii for the Masses: Rune Boutique's Debut“. Asia Pacific Arts. 1/25/2012. Архивирано од изворникот на 2012-06-09. Посетено на 2012-02-05. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
уреди„Ќари Памју Памју“ на Ризницата ? |