Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities

Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities („Списание за риатач терапија и развојни различности“) е научно списание за психологија, специјална едукација и рехабилитација на лицата со развојни различности чиишто издавачи се ReAttach Therapy International Foundation од Холандија и Македонско научно здружение за аутизам од Македонија. Списанието е шестмесечно, излегува двапати годишно како двоброј. „Списание за риатач терапија и развојни различности“(електронски: ISSN 2589-7799) е рецензирано, електронско, академско списание со отворен пристап. Главен и одговорен уредник е Владимир Трајковски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Списание за риатач терапија и развојни различности
Journal's cover page
ТипСписание
Формателектронски формат
УредникВладимир Трајковски
Основан2018; пред 6 години (2018)
Јазиканглиски
СедиштеKerkplein 2, 6367 ER Voerendaal
ISSN2589-7799
Страницаjrtdd.com

„Списание за риатач терапија и развојни различности“ објавува истражувачки рецензирани трудови од областа на специјалната едукација и рехабилитација на лица со лесна, умерена и тешка попреченост, аутизам и други развојни проблеми . Во списанието можат да се објават оригинални и прегледни трудови, куси извештаи, писма до уредникот, резимеа од магистерски и докторски трудови, прикази на случаи, и други придонеси од областа на психологијата, специјалната едукација, рехабилитацијата, медицината, педагогијата, социјалната работа и социјалната политика и други сродни научни дисциплини.

Апстрактирање и индексирање

уреди

Списанието е апстрактирано и индексирано во 24 бази на податоци од кои најзначајни се: EBSCO, ScienceOpen, GoogleScholar, COBISS, ERIHPLUS и Crossref.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди