Јохана Сигурдардотир

актуелна премиерка на Исланд
(Пренасочено од Jóhanna Sigurðardóttir)

Јохана Сигурдардотир (исландски: Jóhanna Sigurðardóttir; р. 4 октомври 1942) — исландска политичарка и поранешен премиер на Исланд (од 2003 до 2013 г.). Меѓу 1987–1994 и 2007–2009 била министерка за социјална политика и социјална безбедност. Таа е членка на исланскиот Парламент (Алтинг) уште од 1978 година и оттогаш, осум пати е избирана за пратеник. На 1 февруари 2009, таа постана првата жена премиер на Исланд, а истовремено постана и првиот претседател на некоја влада кој јавно ја изјавува својата хомосексуалност.

Јохана Сигурдардотир
Jóhanna Sigurðardóttir
Премиер на Исланд
На должноста
1 февруари 2009 – 23 мај 2013
Претседател Олафур Рагнар Гримсон
Претходник Геир Харде
Наследник Сигмундур Давид Гунлаугсон
Министер за социјални работи и социјална сигурност
На должноста
24 мај 2007 – 1 февруари 2009
Премиер Геир Харде
Претходник Магнус Стефансон (Социјални работи и социјална сигурност)
Сив Фридлеифсдотир (Здравство и социјала)
Наследник Аста Рагхеидур Јоханесдотир
На должноста
8 јуки 1987 – 24 јуни 1994
Премиер Тостеин Палсон
Стеингримур Хермансон
Давид Одсон
Претходник Александар Стефансон
Наследник Гутмундур Арни Стефансон
Лични податоци
Роден(а) 4 октомври 1942(1942-10-04)(82 г.)
Рејкјавик, Исланд
Партија Социјал демократска алијанса (2000 – денес)
Национално Движење (1994 – 2000)
Социјал демократска партија (1978 – 1994)
Сожител Јонина Леосдотир
Деца Два сина (р. 1972 и 1977)
Еден посинок (р. 1981)
Занимање синдикален водач, стјуардеса

Кариера

уреди

Јохана е социјалдемократ и исландки пратеник со најдолг стаж во Алтингот. Таа е родена во Рејкјавик и има завршено факултет за трговија. Во 1960 дипломира и се вработува во Loftleiðir (сегашен Icelandair). До 1983 работи на различни високи чиновнички позиции. Во Алтингот за првпат е избрана во 1978 година, како пратеник на социјалдемократите. Од 1987 до 1994 ја врши функцијата Министер за социјална политика. Во 1994 година ја напушта партијата и ја формира својата партија "National Movement".

Во 2000 година, двете партии повторно се обединуваат и ја основаат денешната Социјалдемоократска алијанса. Нејзината изјава Minn tími mun koma! („Моето време ќе дојде!“), што ја даде откако ја изгуби трката за претседател на социјалдемократите, денес е најпопуларна фраза во исландскиот јазик.

Од 1994 па до 2003, Јохана е член на опозицијата во Алтингот. По изборите во 2003, таа е избрана за заменик-претседател на Алтингот. На изборите во 2007, нејзината партија во коалиција со Независната партија победува, по што повторно е именувана за министерка за социјална политика и социјална сигурност.

Прва жена премиер на Исланд

уреди

На 26 јануари 2008, по големите протести во Исланд заради економската криза, доскорешниот премиер Геир Харде поднесе оставка, по што Претседателот на државата, Олафур Рагнар Гримсон, побара од Социјалдемократската алијанса и Движењето на зелените да формираат влада. Двете партии ја предложија Јохана за премиер, поради нејзината популарност во јавноста. Како поддршка беше и истражувањето на Галуп според кое во декември 2008, над 73% од населението на Исланд ги поддржувало мерките кои таа ги презела како министерка.

Приватен живот

уреди

Во 1970 година, Јохана Сигурдардотир се омажи за Торвалдур Стејнар Јоханесон Јоханесон, од кој брак Јохана има два сина. По разводот, Јохана живее со драмската писателка Јонина Леосдотир (р. 1954), со која во 2002 стапила во граѓанска заедница.

Надворешни врски

уреди