Меѓународен индекс на растителни имиња

(Пренасочено од International Plant Names Index)

Меѓународен индекс на растителни имиња (англиски: International Plant Names Index, крат. IPNI) — бесплатна база на податоци која ги содржи имињата на семените, папратните и црвоточните растенија и дава библиоградски податоци за истите. Најдобро се опфатени видовите и родовите.[2] Целта на базата е да се одбегне непотребно упатување на голем број првоизворници при пребарувањето на имињата и особините на таксоните.[3][4]

Меѓународен индекс на растителни имиња
International Plant Names Index
Лого на IPNI
Вид место
база на податоци
СопственикПроект за растителни имиња
СоздавачКралски ботанички градини во Кју, Харвардски хербариум и Австралиски национален хербариум
Адресаipni.org
Место на Алексанагативен пораст 469.881 (април 2014)[1]
Комерцијалноне
Зачленувањенезадолжително

Базата има и список на стандардизирани авторски кратенки, првично заснован на Брамит и Пауел (1992). Списокот редовно се подновува со нови кратенки.

Опис

уреди

IPNI е соработка помеѓу Кралските ботанички градини во Кју (Index Kewensis), Харвардскиот хербариум (Gray Herbarium Index) и Австралискиот национален хербариум (APNI). Базата е збирка на имиња заведени во овие три установи и работи на стандардизација на информациите. Стандардот за авторски кратенки препорачан од Меѓународниот правилник за номенклатура на алгите, габите и растенијата како „Автори на растителни имиња“ (Authors of Plant Names) на Брамит и Пауел.

Базата ги следи и имињата објавени во стручните списанија и дава индекс на истите.[3] Во 2010 г. е отпочнат придружниот проект The Plant List кој има за цел да ги утврдува прифатените имиња на видовите.

Истото место го води и проектот Index Fungorum, посветен на габите.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ipni.org Site Info“. Alexa Internet. Архивирано од изворникот на 2011-10-24. Посетено на 2014-04-01.
  2. „Index Kewensis“. International Plant Name Index. Посетено на 21 November 2011.
  3. 3,0 3,1 Lughadha, Eimear Nic (29 April 2004). „Towards a working list of all known plant species“. Philosophical Transactions of the Royal Society of London. Series B, Biological Sciences. 359 (1444): 681–687. doi:10.1098/rstb.2003.1446. PMC 1693359. PMID 15253353. Посетено на 21 November 2013.
  4. Croft, J.; Cross, N.; Hinchcliffe, S.; Lughadha, E. Nic; Stevens, P. F.; West, J. G.; Whitbread, G. (May 1999). „Plant Names for the 21st Century: The International Plant Names Index, a Distributed Data Source of General Accessibility“. Taxon. 48 (2): 317. doi:10.2307/1224436. JSTOR 1224436.

Надворешни врски

уреди