Incubus (музичка група)
Incubus (Инкубус) е американски рок бенд од Калабасас, Калифорнија. Бендот е оформен во 1991 година од вокалот Брендон Бојд, главниот гитарист Мајк Ајнзигер и тапанарот Хосе Пасиљас додека биле во средно училиште. Бендот се прошири со Алекс „Дирк Ленс“ Катунич и Гевин „ DJ Лајф“ Копел, двајцата кои подоцна биле заменети од басистот Бен Кени и DJ Килмор.
Incubus | |
---|---|
Жив настап на Инкубус во 2007 година. (Од лево кон десно: Бен Кени, Хосе Пасиљас, Брендон Бојд, Крис Килмор, Мајк Ајнзигер) | |
Животописни податоци | |
Потекло | Калабасас, Калифорнија, САД |
Жанрови | Алтернативен рок |
Период на активност | 1991–денес |
Издавачи | Епик Рекордс, Immortal, Red Eye |
Соработници | The Roots |
Мреж. место | www.enjoyIncubus.com |
Членови | |
Брендон Бојд Мајк Ајнзигер Крис Килмор Бен Кени Хосе Пасиљас | |
Поранешни членови | |
Гевин Копел Дирк Ленс |
Инкубус се здобија со позитивна критика и со комерцијален успех, кои достигнаа мултиплатинести продажби како и пуштањето во продажба на неколку успешно пласирани песни. Бендот започна креативно да се проширува и заработил мејнстрим потврда со издавањето на нивниот албум „Make Yourself“ од 1999 година. Во 2001 година, Инкубус станаа многу успешни со синглот „Drive“ и нивниот албум што следи „Morning View“. Нивниот последен студиски албум „Light Grenades“ во 2006 година се пласираше на местото број 1 и доби златна потврда од Соединетите Американски Држави. Инкубус го издадоа својот прв албум со најголемите хитови „Monuments and Melodies“ во јуни 2009 година, во придружба на турнеја низ САД и Канада.
Историја
уредиПочетоци, Fungus Amongus и Enjoy Incubus (1991—1997)
уредиВокалот Бојд, тапанарот Пасиљас, басистот Алекс Катунич и гитаристот Ајнзигер започнаа да свират заедно кога беа десетто одделение. Ајнзигер ја контактираше Џоан Станулонис, добро позната наставничка по музичко и математика, која секогаш работеше на музички дела работени на школска возраст, вообичаено на сцена, во студио или на турнеја. Џоан штотуку завршила со турнејата на тинејџерските музички чуда на Стиви Ваи, „Бедфоргоод“. Со нејзините врски во музичката индустрија и со нејзината умешност да закаже настап на малолетници на Сансет Стрип, Џоан ги закажа Инкубус на The Roxy, The Troubadour, and The Whiskey, уште пред да матурираат. Преки пријателството на Џоан со продуцентот Џим Вирт и неговата жена Кејтлин, Џоан договори бесплатно снимање и термин во студио во 4th Street Recording. Таму се продуцирање и снимање албумот „ Fungus Amongus“. Во 1995 година им се придружи Гевин Копел (познат по уметничкото име DJ Лајф). Прв поголем албум на бендот е објавен во 1997 година, компилација од 6 снимки Enjoy Incubus, создаден со цел бендот да има што да продава додека беше на турнеја низ Европа заедно со Korn.[1]
S.C.I.E.N.C.E. (1997—1998)
уредиS.C.I.E.N.C.E., вториот студиски албум на Инкубус (всушност ова беше нивниот прв студиски албум, Fungus Amongus беше само компилација од разни демо снимки, снимени во неколку месеци од Џим Вирт), беше пуштен во продажба на 9 септември 1997 година, и Инкубусстанаа достапни за бендови како Korn, 311, и Sublime.[1] Во февруари 1998 година, Инкубус го избркаа Копел и веднаш го заменија со Крис Килмор. Инкубус учествуваа на Ozzfest и турнејата за семејните вредности и имаа турнеја заедно со System of a Down и Ultraspank во текот на есента.[2] DJ Килмор (прво име Крис) го замени DJ Lyfe.[1]
Make Yourself (1999—2001)
уредиПо постојаните турнеи низ цела 1998 година, и по продажбата на над 100.000 копии од S.C.I.E.N.C.E., без поддршка од изложувањето на радио или телевизија, Инкубус направија пауза од две години и потоа го издадоа нивниот трет критички признат албум Make Yourself.
По само 2 недели поминати во студио со продуцентот Џим Wirt, бендот не беше задоволен со снимките и одбраа да продолжи снимањето без продуцент. По уште 3 недели снимање, продуцентот на R.E.M./Nirvana Скот Лит се заинтересира за нивните песни и почна да учествува во сесиите на снимање, и главно се фокусираше на песни како „Drive“ и „Stellar“. Според бендот, вклучувањето на Скот во снимањето било најмнору за време на миксањето на песните.
Make Yourself е издаден на 26 октомври 1999 година. Веднаш по издавањето на нивниот албум, бендот беше на турнеја со Primus и Buckethead, турнеја која траеше до крајот на годината. Првата песна со која започнува албумот, „Privilege“ е употребена на MTV Sports: Pure Ride за PlayStation. Бендот, исто така, го издаде синглот, „Pardon Me“, но првично не беше добро примен од радио станиците. Брендон и Мајк решија да настапат во живо со акустична верзија на песната, на неколку радио станици кои покажуваа интерес, а така за возврат се расчу за песната. Многу радио станици, вклучувајќи го и многу влијателниот радио гигант KROQ во Лос Анџелес, започнаа да ја пуштаат акустична верзија од песната.
Со огромен интерес за песната, радио станиците започнаа да ја пуштаат студиската верзија на „Pardon Me“. Како одговор на ова, Инкубус снимија спот за песната и ја издадоа бонус плоча со 6 песни насловена When Incubus Attacks (Vol. 1), на 22 август 2000 година. Бонус плочата ја содржеше акустичната верзија на „Pardon Mе“. Во првата недела, бонус плочата продаде речиси 40.000 копии и се пласираше на 41-вото место на Billboard Album Charts. За започнување на 2000 година, бендот тргна на турнеја System of a Down и Mr. Bungle сè до март, по што беше стартот на нивната турнеја во клубови сè до април.
Поради успехот на „Pardon Me“, Make yourself доби златен статус (со 500.000 продадени примероци), во април 2000 година. Инкубус продолжи да турнеја во странство и се вратија дома на крајот на мај, за да одат на турнеја низ САД со долгогодишните пријатели 311. „ Stellar“, следниот сингл од албумот веднаш потоа беше издаден, а неговиот спот попладневно беше пуштан на MTV и TRL, и стана огромен успех на Modern Rock Chart. Во јули, Инкубус повторно беа на Ozzfest, до крајот на летото. Бендот по завршувањето на Ozzfest 2000 турнејата, направи кратка пауза, и имаа две акустични емисии во Artist Direct Studios. На 5 октомври 2000 година, Make Yourself стана платински албум (1.000.000 продадени примероци), и набрзо потоа, бендот замина на турнеја со Deftones. Бендот повторно го издадоа својот деби-албум Fungus Amongus на 7 ноември 2000 година со полно времетраење.
На 15 јануари 2001 година, по издавањето „Privilege“ (кој потоа отиде во Топ 20, каде што 6 недели остана на местото број 3.), бендот го издаде „Drive“, четвртиот сингл од Make Yourself. Тој напредуваше сè до Modern Rock Charts, каде се искачи до местото број 1. Синглот беше огромен успех и му помогна на бендот да се пробие во мејнстримот. Синглот конечно стигнаа до првите десет на Billboard Hot 100 синглови на табелата.
Morning View (2001—2002)
уредиБендот направи пауза во текот на првиот дел од 2001 година, пред да се упати кон палатата на плажа во Малибу, Калифорнија, за да го снимат својот следен албум, кој подоцна ќе стане познат како Morning View.
Тие заминаа на пат во Европа со Hundred Reasons, од јуни до првата недела на јули. Во тоа време, бендот беше поканет да свири на Area Festival, заедно со Moby, Outkast, The Roots, Paul Oakenfold, Carl Cox, и Nelly Furtado. Исто така, во јули, Make yourself беше потврден како двојно платинест со продажба на 2.000.000 примероци. Во август, бендот ја добија својата прва свирка во Австралија и Јапонија, пред да се врати во САД ја започна својата долгоочекувана турнеја со долгогодишните пријатели од Калифорнија, Hoobastank. Во меѓувреме, спотот за песната „Drive“, беше номиниран за MTV Видео и Музички награда во категоријата за најдобар спот на бенд.
Продолжувајќи на турнеја, Инкубус го издадоа својот прв сингл „Wish You Were Here“ од претстојниот албум Morning View, на 21 август 2001 година. Синглот веднаш почна да се качува на т на Modern Rock charts и до почетокот на септември се искачи на местото број 2. Музичкиот спот беше издаден кон крајот на истиот месец, откако беше повторно снимен за да излезе во пресрет со катастрофата од 9 / 11. Спотот беше гледан на MTV's TRL, VH1 и MuchMusicВидео. Следен сингл беше „ Nice to Know You“. На 23 октомври 2001, бендот го издаде својот четврти главен албум. Името е земено од улицата во која беше сместено студиото во кое снимаше на бендот. Инкубус продолжи да закажува датуми по објавувањето, и „Wish You Were Here“ остана меѓу најдобрите 10 на Billboards Modern Rock Charts.
Morning View се пласираше на Billboard Top 200 на 2 место (266.000 примероци биле продадени во текот на првата недела). Ова беше највисоко пласирање на Инкубус. Во тоа време, „Wish You Were Here“ беше на 2 место на Modern Rock Charts, а „Drive“ на местото број 48 на Hot 100 chart. Бендот доби Billboard's Modern Rock награда за сингл на годината за „Drive“. До декември, Morning View е оценет како платина, „Wish You Were Here“ беше на 4 место на Modern Rock Charts, а Morning View место број 38 на топ 200.
На 11 декември, Инкубус го When Incubus Attacks (Vol. 2), DVD со спотовите за „Take Me to Your Leader“, „A Certain Shade of Green“, „Pardon Me“, „Stellar“, „Drive“, „I Miss You“, and „Summer Romance (Anti-Gravity Love Song)“, снимки од нивво живо, снимки од зад сцена и многу повеќе. Со започнување на 2002 година, Инкубус беа место број 9 со „Drive“, 12 место со „Stellar“, 20 место со „Wish You Were Here“, 75 место со „Nice To Know You“ и 31 место со албумот Morning View.
На 24 јануари 2002 година, спотот за „Nice To Know You“ премиерно беше пуштен на MTV's TRL и Бојд беше повикан во Европа, каде што бендот беше на турнеја со 311 и Hoobastank. Бендот беше во MTV's Becoming, TRL, The Tonight Show и свиреше во шоуто на Letterman на 14 февруари 2002 година, и тоа пред да се упати на свирките во Јапонија и Австралија за остатокот од февруари и март. Во Сиднеј, бендот го сними спотот за нивниот следен сингл, „Warning“, од 7март до 11 март. Бендот потоа издаде DVD Morning View Sessions, на 28 мај, непосредно пред да свири на Weenie Roast на 8 јуни за KROQ.
Инкубус, на 1 октомври, издаде ограничена верзија на Morning View за да се совпадне со нивната есенска турнеја. Новата верзија на албумот содржи ДВД со звук од „ Morning After View Session“. Го содржеше и спотот од Велика Британија за песната „Are You In?“, снимки од турнејата, нови уметнички дела, материјал од зад сцената, и многу повеќе. Последниот настап на Инкубус за 2002 година (на 1 ноември) донесе неколку епохи за групата да заврши со турнеја. Нивното последно шоу од турнејата ќе биде нивниот последно шоу од турнејата за Morning View од 2001 година, така што бендот сакаше да свири нова музика. Шоуто, исто така, ќе биде последно со басистот Дирк Ленс, кој го напушти бендот поради лични разлики.
Ленс беше тивко заменет од страна на поранешниот гитарист на The Roots Бен Кени, кој почна да работи со Ајнзигер на нови песни за психоделичен џез-фанк проект наречен Time Lapse Consortium. Инкубус ја заврши годината на топ листите, со „ Wish You Were Here“ (10), „ Warning“ (16), и „ Nice To Know You“ (26) на alternative rock format chart, ги „ Wish You Were Here“ (25) и „ Nice To Know You“ (36). Morning View беше 40-иот најдобро продаван албум за 2002 година.
A Crow Left of the Murder... (2003—2004)
уредиНа 6 јануари 2003 година, бендот почна да пишува песни за нивниот следен албум.
На 7 јануари, бендот повторно започна со преговори за нивниот договор за снимање. Бендот, кој беше доделен на Epic/Immortal на седум години, го цитираше фактот дека државниот закон го ограничува времето во кое еден изведувач треба да биде врзан за некоја компанија. Бендот имаше потпишано договор за 7 години и го искористи „законот на седум години“ во Калифорнија како алатка за преговорите со Epic/Immortal. По издавањето на 3 многу успешни албуми, бендот не беше награден со огромна сума во споредба со данокот кој го плаќаа на Sony. Бендот започна тужба за да можат да го раскинат договорот, и на тоа Sony исто така одговори со тужба од нивна страна.
На 1 март, Ајнзигер заедно со Скот Ли, Дејв Холтреџ и Рик Вил беа номинирани за Греми во категоријата за „ Best Engineered Album (Non Classical)“, за нивната работа на Morning View.
На 3 април, по кружењето на гласини, неколку недели, дека Дирк Ленс си оди од бендот, тие имаа официјално известување. По состанокот тет – а – тет, кон крајот на турнејата за Morning View,на кој беше дискутирано за неговото учество во бендот, членовите донесоа одлука. Бендот изјави дека разделбата станала потребна поради „спротивставени креативни разлики“. Речиси веднаш по известувањето за новиот басист, спорот помеѓу Инкубус и Sony се реши. Двете страни се сложија на нов договор со кој треба да направат 3 албума, со можност за 4 под Epic/Immortal. Првиот албум ќе вреди 8 милиони долари предност за бендот, со додатни 2,5 милиони долари за секој нареден.
До декември, новиот албум кој беше сниман во Southern Tracks Recording Studios во Атланта, се спротивстави на снимање на секој инструмент посебно и беше продуциран од Brendan O'Brien (Pearl Jam, Soundgarden, Rage Against the Machine, Stone Temple Pilots), беше среден и подготвен за издавање. Наречен A Crow Left of the Murder..., албумот беше збогатен со спотови – позади сцените. На спотовите, Ајнзигер и Бојд дискутираат за нивните нови песни. Ајнзигер ги опишува како„ слични на старото лајно, само уште постаро. Различно е. Енергично е и брзо и многу од нив се потехнички. Мислам дека можеби во вените на повеќе од нашите стари песни; не звучат како нашите стари песни. Овие се повеќе истражувачки.“
На 15 декември 2003 година, беше издаден првиот сингл „Megalomaniac“. Стана контроверзија кога беше кажано дека песната е напад врз администрацијата на Буш и беше забранета да се гледа преку ден на MTV (и покрај тоа што бендот тврдеше дека песната не е напад врз некоја посебна личност, туку повеќе врс негативните однесувања на некои луѓе). И покрај тоа, бендот беше задоволен со ограничувањето на ноќно гледање. Бојд вели „ Кога дознавме дека нашиот спот ќе се емитува само навечер, мислам дека сите потајно направивме, „ТОА!“ “. Пасиљас на мислењата на Бојд додаде „ Мислам дека е сосема нормално луѓето да мислат дека ние пробуваме да направиме политичка изјава. Сè додека некој е маѓепсан или преземе нешто од нашата музика е добро; мислам целата поента ни е да ги натераме луѓето на размислување.“
A Crow Left of the Murder... е издаден во 2004 година, со нови промени за бендот. Вториот издаден сингл е „Talk Shows on Mute“ со спот, инспириран од Animal Farm од Џорџ Орвел. По ова издавање, Инкубус тргнаа повторно на пат.
Инкубус имаа турнеја низ целиот свет во 2004 година заедно со многу други бендови Ben Kweller, The Walkmen, Hundred Reasons, The Music, Brand New и Sparta, за да го промовираат нивниот нов албум. Една песна беше изоставена од албум, инструменталната песна долга 27 минути наречена „ The Odyssey“, која подоцна беше музика на видеоиграта Halo 2.
Во ноември 2004 година, бендот издаде концертно ДВД насловено Alive at Red Rocks, Колорадо, за време на нивната светска турнеја за A Crow Left of the Murder.... Заедно со ДВД дојде бонус ЦД кое вклучуваше пет песни, вклучувајќи ја и студиската верзија на омилените песни во живо „Pantomime“, „ Follow“ (лирска верзија, различна од верзијата First Movement од Odyssey), и U.K. B-Side „Monuments and Melodies“. Исто така беа вклучени и две песни во живо. Изведбата беше, исто така, многу продавана преку Blu-ray Disc. Верзијата на целата песна „Pardon Me“ е исто така достапна за бесплатно симнување од PlayStation Store, онлајн услуга за PlayStation 3 корисници.
Во декември 2004 година, на свирка во Лос Анџелес, бендот ги свиреше хитовите на The Police, „De Do Do Do, De Da Da Da“, „Message in a Bottle“ и „Roxanne“ заедно со Стјуарт Коупленд и Енди Самерс од поранешниот бенд. Ова предизвика изведби на овие песни на многу шоуа во текот на есента.
Light Grenades (2005—2008)
уредиПролетта, 2005 година, бендот се врати во студио со Брендан О'Брајан. Три нови песни беа издадени кон крајот на јули 2005 година, како дел од саундтрак албум на филмот на Sony Stealth. Песната „ Make a Move“ беше пуштена на радио кон крајот на мај, и песната го достигна 17 место (Modern Rock Charts) и 19 место (Mainstream Rock Charts). Реакцијата од обожавателите кон „Make a Move“ беше млака, но другите две нови песни, „ Admiration“ и „ Neither of Us Can See“ (дует со Криси Хинд), се чинеше дека многу повеќе им се допадна.
Во јануари 2006 година, прв, од серија на видео записи од Инкубус беа пуштени од страна на бендот преку интернет. Меѓу другото, видео записите ги содржеа мислењата на бендот за нивната јужноамериканска турнеја во 2005 година, некои информации за нивниот нов албум, микс од „Drive“ и „Better Dayz“ од Тупак, преработка на „Black Hole Sun“ од Soundgarden и неколку живи перформанси.
На 1 август 2006 година, бендот најави дека албумот број 6, Light Grenades, наскоро ќе биде издаден и дека е продуциран од Брендан О′Брајан. По неколку недели, датум на издавање беше закажан за вторник, 28 ноември. По издавањето, Light Grenades се пласираше на првото место на Billboard charts, првпат кога Инкубус биле на прво место на листа за албуми, иако се продадоа само 165 000 копии во првата недела (најниско за албум од Make Yourself).
Во ноември, Инкубус имаа 2 ексклузивни европски шоуа во Берлин и Лондон. И двете беа во собиралишта со капацитет за помалку од 2000 луѓе – посебна прилика за бендот и нивните обожаватели (поради успехот во маинстимот, бендот вообичаено свири во големи сали низ целиот свет). Бендот ги употреби овие шоуа за да покаже нов материјал од Light Grenades.
Првиот сингл на бендот, Anna Molly, имаше спот за кој постигна успех во маинстимот.
На 27 декември 2006 година, Инкубус го лансираше „I Dig Incubus“ натпреварот, во кој учесниците сечат клипови од бендот кога ја изведуваат песната „Dig“ за да формираат комплетен музички спот. На 1 февруари 2007 година, пет финалисти беа прогласени за „I Dig Incubus“ натпреварот. Во видео интервју за Blender, басистот и вокал Бен Кени изјави, „Тоа е речиси нешто што ќе се случи, без разлика дали тоа сакаме или не сакаме да го направиме тоа. Луѓето ќе прават свои спотови за песни. Тоа е супер за нас, да се споиме со обожавателите, кои се уметници.“[3] На 4 август 2007 година, Инкубус свиреа на првиот ден од Virgin Festival во Балтимор, заедно со бендови како што се The Police и Beastie Boys.
Мајкл Ајнзигер беше болен од Carpal tunnel syndrome, и иако имаше операција која го поправи проблемот, тој мораше да одмара неколку месеци, па затоа и плановите за турнеја беа одложени. Инкубус им се извини на обожавателите и ја продолжи турнејата во летото и есента.
Во февруари и март 2008 година, Инкубус тргнаа повторно на пат започнувајќи о Нов Зеланд на SOUNDWAVE фестивалот во Австралија заедно со The Offspring и Alexisonfire, и беа на турнеја низ Азија и со изведби вршеа продажби на народот. Во Сингапур, тие запознаа многу обожаватели на Meet and Greet session на Changi аеродромот и настапија во Fort Canning Hill. Во април, Инкубус настапи на фестивалот Империјал во Костарика, заедно со бендовите на Smashing Pumpkins и Дуран Дуран, а подоцна и во Венецуела во Poliedro de Caracas. Инкубус, исто така, ќе настапат на голем број настани низ цела Европа ова лето вклучувајќи ги и Rock am Ring и Rock im Park Festivals во Германија, Nova Rock Festiva во Австрија, Pinkpop Festival во Холандија и Download Festival во Англија. Во јули 2008 година, бендот свиреше во VH1 tribute кон the Who заедно со Foo Fighters, Pearl Jam и The Flaming Lips.[4]
Hiatus (2008)
уредиВо април 2008 година, бендот направи пауза од турнеи и снимања, а неговите членови се концентрираа на училиштето, семејството и други активности. Брендон Бојд се запиша на една универзитетска програма за уметност, додека гитаристот Мајк Ајнзигер отиде во Харвард музичкото училиште да учи компонирање. Тапанарот Хосе Пасиљас, исто така, „има бебе, така што многу нормален живот води во моментов - училиште, бебиња, хипотеки“, рече Бојд. „мислам дека не би било лошо да исчезнеме на една година или две“, рече тој. „Многу луѓе би рекле дека културата се движи премногу брзо и треба да се потсетуваат луѓето, но јас сметам дека за ништо не треба да се брза.“[5]
Monuments and Melodies и седмиот студиски албум (2008—present)
уредиВо средината на јануари 2009 година, Инкубус поставија видео на нивната официјална страница, во форма на писма до едни со други, кажувајќи го она што секој член на бендот во моментов го окупира (на пример, Мајк Ајнзигер студира музика на Универзитетот Харвард). Како заклучок во видеото се вели дека бендот планира да се врати заедно наскоро, возбудени да создаваат нов вид музика со своите различни искуства.[6]
На 11 март 2009 година, Инкубус на нивната официјална страница поставија детали за новиот албум Greatest Hits, Monuments and Melodies. Првиот сингл за албумот е „ Black Heart Inertia“, кој се очекува на 7 април 2009 година, и албумот два месеци подоцна, на 16 јуни 2009 година. Првиот диск од албумот ги вклучува и новите синглови „ Black Heart Inertia “ и „ Midnight Swim “, како и најуспешните радио хитови на последната деценија. Потоа вториот диск од албумот содржи песни кои не се објавени официјално на албумот или биле одбиени демо снимки на претходните албуми, како и на акустичната верзија на „A Certain Shade of Green“ и преработката на песната од Prince „Let's Go Crazy“.Бендот исто така, најави многу потврдени датуми за Summer Amphitheater Tour of the US.
На 26 март 2009 година, беше најавено дека Инкубус ќе настапат на вториот годишен Mile High Music Festival. Предвидено е бендот да свири во текот на првиот ден од дводневниот настан, кој се одржува на Dick's Sporting Goods Park во Комерс Сити, Колорадо.[7]
На 1 април 2009 година, бендот објави лажно „правење на“ видео за нивниот претстоен сингл, „Black Heart Inertia“. Во видеото, Брендон и неговиот двојник „заменија места“. Брендон му носеше кафе на својот двојник, кој исто така го имитира Кристијан Бејл кога ДП му досадуваше и го караше, викајќи му и насилно бркајќи го од снимањето. По краткиот филм, за првпат „Black Heart Inertia“ беше поставено точно во 4:17. На 2 април, целата песна беше емитувана на официјалното мрежно место на бендот. Песната го достигна (до денес) седмото место на Hot Modern Rock Tracks, што го прави бендот петнаесетти Топ 10 на листата.
На 16 јуни 2009 година, на официјалното ЦД за Monuments and Melodies Greatest hits беше достапно за јавноста. На првото цеде има песни од претходните албуми, а на второто ЦД ретки песни и музика која никогаш не е објавена во било кој албум.
На 25 јуни 2009 година, Monuments and Melodies беше на место број 5 на Billboard Music Charts, ова е нивниот 4. албум кој постигнал барем 5 место на топ листите.
На 1 јули 2009 година, Бојд за North County Times рече „Ние дефинитивно ќе пишуваме… со надеж дека ќе издадеме песна некаде во 2010 година. Тоа е надежта. Ние никогаш не може да присилиме нешто. Јас лично се сомневам дека ќе одиме заедно на пат ова лето, ќе почнеме да свириме и ќе почнеме да подготвуваме работи, и ќе го запалиме повторно тој оган.“
Стил и влијанија
уредиВо текот на нивната кариера, Инкубус користеа елементи од различни жанрови и стилови, со многу критичари кои ја фалеа амбицијата на бендот, кој исто така им отежна при правилното класифицирање, иако повеќето констатираат дека Инкубус во принцип е алтернативен рок бенд.[8][9] Бендот користел многу уникатни инструменти, вклучувајќи djembe, sitar, didgeridoo и bongos во многу од нивните претходни песни и за време на настапите во живо, како и со употребата на pipa (свирена од Ајнзигер) во песната „Aqueous Transmission “. Pipa му беше позајмена на бендот од страна на гитаристот Стив Ваи.
Членови
уреди- Сегашни членови
- Брендон Бојд - фронтмен, ритам гитара, перкусии (1991-денес)
- Мајк Ајнзигер - главна гитара, пијано, следечки вокали (1991-денес)
- Хосе Пасиљас II - тапани, перкусии (1991-денес)
- Крис Килморe - диџеј, клавијатури (1998-денес)
- Ben Kenney - бас гитара, следечки вокал (2003-денес)
- Поранешни членови
- Дирк Ленс - бас (1991 – 2003)
- Гевин Копел - диџеј, клавијатури (1995 – 1998)
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- Fungus Amongus (1995)
- S.C.I.E.N.C.E. (1997)
- Make Yourself (1999)
- Morning View (2001)
- A Crow Left of the Murder... (2004)
- Light Grenades (2006)[10]
Синглови број 1
уредиГодина | Песна | US Mod. Rock | Албум |
---|---|---|---|
2001 | „Drive“ | 1 | Make Yourself |
2004 | „Megalomaniac“ | 1 | A Crow Left of the Murder... |
2006 | „Anna Molly“ | 1 | Light Grenades |
1 2008 | „"Love Hurts“ | 1 | Light Grenades |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Huey, Steve > Biography (2006). „Incubus“. allmusic. Посетено на 2008-12-19.
- ↑ „System Of A Down, Incubus, Ultraspank Graduate From Ozzfest To A Tour Of Their Own“. MTV News. 1998-08-24. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ „"Incubus: Exclusive Interview"“. Blender Magazine Online. Посетено на 2007-02-20.
- ↑ „Incubus Performs on VH1's Rock Honors: The Who Show“. VH1 Blog. 2008-06-13. Архивирано од изворникот на 2008-06-14. Посетено на 2008-06-18.
- ↑ Ultimate Guitar, 2008. Incubus To Take A Break.
- ↑ 'Enjoy Incubus', 2009. [1] Архивирано на 1 јули 2009 г..
- ↑ http://www.milehighmusicfestival.com/news-story/?id=2
- ↑ Allmusic
- ↑ About.com
- ↑ "Rolling Stone"[2] Архивирано на 1 мај 2009 г. 16 декември,2009
Надворешни врски
уреди„Incubus“ на Ризницата ? |