Човек (род)

(Пренасочено од Homo)
Човек
Череп на Неандерталец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: ’Рбетници
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Човеколики мајмуни
Потсемејство: Хоминини
Племе: Хоминини
Потплеме: Хоминини
Род: Homo
Линеј, 1758
Видови

Homo sapiens
Изумрени видови - видете текст.

Човек (латински: Homo) — род во кој спаѓаат денешните луѓе и ним блиско-сродните суштества. Се смета дека овој род датира од пред 2,5 милиони години, кој еволуирал од австралопитечки предци со појавувањето на Homo habilis. Јавувањето на Homo се совпаѓа со најраните наоди на камени орудија, и така, по дефиниција, ова го означува почетокот на Долниот палеолит.

Денес сите видови, освен Homo sapiens (современиот човек) се изумрени. Homo neanderthalensis, кој по традиција се смета за последниот жив роднина, изумрел пред 24.000 години, но скорешните наоди укажуваат на друг вид, Homo floresiensis, кој можеби опстоил подолго, изумирајќи пред само 12.000 години.

Зборот homo на латински значи „човек“ (т.е. „човеко битие“).

Видови

уреди
Споредбена табела на видови од родот Homo
Вид Период (Ма) Живеалиште Висина Тежина Мозочна зафатнина (см³) Фосилни наоди Пронаоѓање / објавено име
H. habilis 2.2 – 1.6 Африка 1.0–1.5 м 33–55 кг 660 многу 1960/1964
H. erectus 2 – 0.03 Африка, Евроазија (Јава, Кина, Кавказ) 1.8 м 60 кг 850 (рани) – 1100 (доцни) многу 1891/1892
H. rudolfensis 1.9 Кенија 1 череп 1972/1986
H. georgicus 1.8 Грузија 600 малку 1999/2002
H. ergaster 1.9 – 1.4 И. и Ј. Африка 1.9 м 700–850 многу 1975
H. antecessor 1.2 – 0.8 Шпанија 1.75 м 90 кг 1000 2 наоѓалишта 1997
H. cepranensis 0.9 – 0.8? Италија 1000 1 челадница 1994/2003
H. heidelbergensis 0.6 – 0.25 Европа, Африка, Кина 1.8 м 60 кг 1100–1400 многу 1908
H. neanderthalensis 0.35 – 0.03 Европа, З. Азија 1.6 м 55–70 кг (цврсто граден) 1200–1700 многу (1829)/1864
H. rhodesiensis 0.3 – 0.12 Замбија 1300 многу малку 1921
H. sapiens sapiens 0.2 – денес ширум светот 1.4–1.9 м 50–100 кг 1000–1850 жив —/1758
H. sapiens idaltu 0.16 – 0.15 Етиопија 1450 3 черепа 1997/2003
H. floresiensis 0.10 – 0.012 Индонезија 1.0 м 25 кг 400 7 поединци 2003/2004


Статусот на Homo rudolfensis, H. ergaster, H. georgicus, H. antecessor, H. cepranensis, H. rhodesiensis и H. floresiensis како видови сѐ уште се предмет на спор. H. heidelbergensis и H. neanderthalensis се во мошне блиско сродство и се сметаат за подвид на H. sapiens, но анализата на митохондриска ДНК земена од фосили на Homo neanderthalensis укажува на тоа дека H. neanderthalensis е генетски поблизок до шимпанзата отколку што е H. sapiens, што би значело дека H. sapiens е поизведениот од двата вида.Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>.

Наводи

уреди
  • Serre и др. (2004). „No evidence of Neandertal mtDNA contribution to early modern humans“. PLoS Biology. 2 (3): 313–7. doi:10.1371/journal.pbio.0020057. PMID 15024415.

Надворешни врски

уреди
 
Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема: