Групата Hideout, е оформена на 14 февруари 2010 година.

Hideout
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровиалтернатив рок, металкор, пост рок, хеви метал, шугејзинг
Период на активност2010-2013
ИздавачиSixtynine Records
Членови
Иван Петровски
Александар Ванчовски
Горан Ристевски
Давид Димовски
Алек Дренковски

Историја

уреди

Секој од членовите доаѓа со различна музичка позадина, а сепак создаваат конгломерат кој протекува преку флуидна музичка манифестација во домен на алтернативата, насочени кон канализирање на своите инспирации преку јазикот на Post metal звукот. Post metal правецот во својата суштина ги асимилира жанровите пост рок, хеви метал, и шугејзинг. Овој тренд во рок-музиката изникнува од независната underground музика од осумдесеттите години на минатиот век, а својата афирмација ја стекнува во деведесеттите години. Hideout, под настрешникот на алтернативниот рок допира до социјалниот општествен контекст и регионалните етнички изворишта. Нивните настојувања се канализирани во смисла на проминиенција на алтернативата под нашето балканско небо, а можеби со досег до понатамошните граници. Културолошкиот аспект кој е доволно возбудлив на овие простори, ги провоцира да дадат свој придонес во афирмирање на слободата на творењето и во претпоставување на дистинкциите од нивоата на шундот и кичот, сè до квалифицираните досегнувања на подродовите во алтернативната музика. Свежата крв на овие дваесетгодишници е доволно силна да се движи по ентузијацтички крвоток кој ќе прелее преку маргините на конвенционалното. Open-mind идеологијата на Hideout може да се отчита веќе на првоиздадениот албум „Парадоксиа“ (Paradoxia), кој беше промовиран на 25. 06. 2012 во клубот MCM, во Скопје. Подготовките за студиска обработка на вториот албум се отпочнати, а го очекуваме следната 2013 година. Впечатливите настапи на оваа група може да ги забележиме на фестивалите „Пиволенд 2010“ во Скопје, „Вевчански карневал 2011“ во Вевчани, кумановскиот „Picnik Rock Fest 2012“ како и освоеното прво место на „Образовно рандеву 2010“ во Прилеп. Настапите во клубови ширум Македонија и покрај тоа што се од исклучително значење за групата и фан-базата, сепак нема да ги набројуваме. Желбата за музицирање и афирмација на препознатливиот звук на Hideout ќе ги поведе на турнеја низ повеќе локации низ нашата земја, каде секако се планираат перформанси со особени подготовки. Предизвикот на аплицираните вредности кон нивната творба: жестоко и конокластична, анти- комерцијална и спротивставена на водотечението ќе ви донесе музика ослободена од врамувања, а блиска до вашите пориви. Поезијата на овој алтернативен бенд се допира до клучните општествени преокупации, колку и до апстрактното, како рефлексија на социјалните текови, депресијата, енвироментализмот, можеби дури до апстракт за дефинирање на суштината на проблемот.

Членови на групата

уреди

Поранешни членови

уреди

Албуми

уреди

„Paradoxia“ е првиот албум на Hideout снимен во 2012 година, музиката е на Hideout, текстот на Давид Димовски во асоцијација со Горан Ристевски.

Список на песни од албумот „Paradoxia“

уреди
  • „Time“;
  • „Whisper“;
  • „Shut the lights“;
  • „Fear“;
  • „She's my girl“;
  • „My last applause“;
  • „In inferno's ride“;
  • „End of the tunnel“;
  • „When I...“;
  • „Venus (a place to hide)“;
  • „Nightfall“.

Надворешни врски

уреди