Морско уво
(Пренасочено од Haliotis)
Морско уво | |
---|---|
Живо морско уво | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Мекотели |
Класа: | Полжави |
Семејство: | Морски уши Rafinesque, 1815 |
Род: | Морско уво Linnaeus, 1758[1] |
Типски вид | |
Haliotis asinina Linnaeus, 1758 Linnaeus, 1758 | |
Видови | |
66 |
Морско уво или абалон (науч. Haliotis) — род морски полжави од сопствена фамилија морски уши (Haliotidae), се сретнува во топлите мориња низ целиот свет. На надворешната површина на единечната школка има низа од мали дупчиња, а најголемиот дел од нив се пополнуваат како што расте животното; некои остануваат отворени и служат како излези за отпадните материи. Морските уши се големи 10-25 см во пречник и 8 см во дебелина. Најголем член на родот е црвеното морско уво (H. rufescens) со 35 см. Цврстиот внатрешен дел на школката, кој се прелева во боите на виножитото, се користи за украси, а големото мускулно стапало се консумира како деликатес. Комерцијални рибарници има во Калифорнија, Мексико, Јапонија и Јужна Африка.
Галерија
уреди-
Сјајна внатрешност на школката на морското уво
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Linnaeus C. (1758). Systema Naturae, ed. 10, 779; 1767, ed. 12, 1255.