Кукасто-боцкаст кактус

(Пренасочено од Ferocactus hamatacanthus)
Кукасто-боцкаст кактус
Научна класификација
Царство: растенија
Нерангирано: скриеносеменици
Нерангирано: евдикоти
Нерангирано: јадрени евдикоти
Ред: каранфиловидни
Семејство: кактуси
Потсемејство: кактусовидни
Племе: кактусовидни
Род: ферокактуси
Вид: F. hamatacanthus
Научен назив
Ferocactus hamatacanthus
(Muel.)
Синоними

Echinocactus flexispinus Енгелман
Echinocactus longihamatus gracilispinus Енгелман
Echinocactus sinuatus Дистрих

Кукасто-боцкастиот кактус (Ferocactus hamatacanthus) е бурест кактус од видот ферокактуси.

Распространетост

уреди

Кактусот го има во Чиваванската пустина во северозападно Мексико, но и во Ново Мексико и југозападен Тексас во САД.

Опис

уреди

Овој кактус е единечен и има глобуларна форма. Кактусот расте до 60 см. Овој кактус има 13 ребренца, но понекогаш може да се најдат единки и со 17 ребренца. Ребренцата се заоблени и мже да дистигнат до 3 см висина. Ареолите се големи и оддалечени од 1 до 3 см. Секоја ареола има 12 радијални боцки, долги од 5 до 7 см.Има 4 централни боцки кои се долги 15 см. Една од централните боцки е кукеста.

Цветовите на кактусот се големи и достигнуваат до 8 см. Тие се жолти. Плодовите на кактусот се округли, долги до 5 см, месести и се јадат.[1]

Наводи

уреди
  1. N. L. Britton; J. N. Rose (1922), The Cactaceae. Descriptions and Illustrations of Plants of the Cactus Family (германски), Band III, Washington: The Carnegie Institution of Washington, стр. 145