Eutricha capensis
Eutricha capensis | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Lasiocampidae |
Род: | Eutricha |
Вид: | E. bifascia |
Научен назив | |
Eutricha capensis (Лине, 1767) | |
Синоними | |
|
Eutricha capensis, Кејп молец, — вид на молец во семејството Lasiocampidae и првенствено се наоѓа во Јужна Африка. За време на фазата кога е ларва, Кејп молците се хранат со широк спектар на африкански растенија и често може да се најдат во градините. Гасениците се светло обоени и видливо влакнести, додека возрасните молци се претежно кафеави и многу помалку впечатливи по изглед.
Распространетост и живеалиште
уредиНема постигната согласност во однос на распространетоста на Кејп молецот во јужна Африка. Додека сите извори се согласуваат дека неговиот примарен географски дом е Јужна Африка, различни извори ги наведуваат и Малави, Мозамбик и Танзанија. Може да се хранат со широк спектар на растенија, гасениците ги има во домашните градини и во пооддалечените и диви области.
Морфологија
уредиВозрасните се големи, со просечен распон на крилјата од околу 70 милиметри. И задните крила и предните крила се црвеникаво-кафеави. Предните крила имаат жолти точки и три брановидни бели ленти. Женките се обично побледи по боја и поголеми од машките. На возрасните молци им недостасуваат развиени делови кај устата, и затоа не се хранат. Антените кај женките се со должина на градниот кош.[1]
Ларвите се видливо влакнести со редови од портокалови долги влакна долж страните на телото. На главата има три големи бакарни точки и две помали пурпурни точки. По должината на грбната страна на гасениците има еден ред црни триаголници, свртени на едната страна од белата боја.
Однесување и животен циклус
уредиНезгодни како ларви, гасениците се собираат во поголем број. Причината за ваквото однесување не е добро сфатена, и постојат неколку предложени теории. Според една студија од 2013 година, собирањето во група на E. capensis, се чини дека не им е од корист на гасениците во однос на зачувување на вода или заштеда на енергија.
Оформените возрасни единки се појавуваат на почетокот на летото. Возрасните не се агресивни.
Таксономија
уредиКејп молецот за првпат беше опишан во 1767 година од Карл Лине во првиот том од неговото 12-то издание на Система Натура. Како и со мноштвото молци што ги опишал Лине, тој го смести E. capensis во сега застарениот род Фалаена . Специфичниот епитет што го избрал, capensis, веројатно се однесува на распределбата на молцитте во Западен Кејп во Јужна Африка.[2]
Наводи
уреди- ↑ Linnaeus, Carl (1767). Systema Naturae (латински). 2 (12. изд.). стр. 813.
- ↑ Picker, Mike; Griffiths, C.; Weaving, Alan (January 2004). Field Guide to Insects of South Africa. South Africa: Random House Struik. стр. 346–347. ISBN 978-1-77007-061-5.
„Eutricha capensis“ на Ризницата ? |