Dolerus cothurnatus
Dolerus cothurnatus | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Dolerus |
Научен назив | |
Dolerus cothurnatus Lepeletiere, 1823 |
Dolerus cothurnatus е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]
Опис
уредиГлавата, градите и тегулите се црни, крилата малку затемнети, жилките и стигмата црни. Нозете во поголемиот дел црни, тибиите црвеникави. Абдоменот е црн во основата и задниот дел, во средината од вториот до шестиот сегмент е црвен. Мажјакот е во многу белези сличен на женската форма, и антените се подолги од абдоменот.
Ларвите достигнуваат должина од 20 мм. Главата од страните малку сплескана, со белузлав и жолт белег. Се среќаваат во текот на јуни до септември на растенија од родот на Equisetum. Презимуваат како кукли.[1]
Возрасните единки достигнуваат должина од 7-9 мм.
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на овој вид оса е средна и северна Европа, Сибир, до Камчатка. Во Македонија видот се среќава во село Бојане, Скопско и Гевгелија.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 80