Divina dispensatione
Divina dispensatione ― името на двете папски бул издадени од папата Евгениј III. Првата била издадена на 5 октомври 1146 година до свештенството во Италија, повикувајќи ги Италијанците да се приклучат на Втората крстоносна војна.[1] Втората била издадена на 11 април 1147 година во Троа и повикала на Вендската крстоносна војна против паганските Словени.[2] Во втората била Евгениј изјавил:
Некои од вас, сепак, сакаат да учествуваат во толку свето дело и награда и планираат да одат против Словените и другите незнабожци што живеат на север и да ги потчинат, со Господова помош, на христијанската религија. Ние внимаваме на посветеноста на овие луѓе и на сите оние кои не го прифатија крстот за одење во Ерусалим и кои решија да тргнат против Словените и да останат во духот на посветеноста на таа експедиција, како што е пропишано. го даваме истото простување на гревот...и истите временски привилегии како и на крстоносците во Ерусалим.[1]