Новогвинејски крокодил
Новогвинејски крокодил | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Crocodilia |
Семејство: | Crocodylidae |
Род: | Crocodylus |
Вид: | C. novaeguineae |
Научен назив | |
Crocodylus novaeguineae Schmidt, 1928 | |
Новогвинејскиот крокодил (Crocodylus novaeguineae) е мал вид на крокодил кој живее на островот Нова Гвинеја.
Особености
уредиМажјаците од видот Crocodylus novaeguineae растат до 3,5 метри, додека женките се долги до 2,7 метри. Телото е со сиво-кафеава боја, со темнокафени или црни белези на опашката. Муцката е прилично долгнавеста, и кај младите крокодили е со шилеста форма, додека кај ворасните муцката е поширока. Според физичкиот изглед, доста е сличен со Филипинскиот крокодил (C. mindorensis) и Сијамскиот крокодил (C. siamensis). Филипинскиот крокодил во минатото се сметал за подвид на новогвинсејскиот крокодил и го имал името C. novaeguineae mindorensis.
Возрасните единки ловат ноќе, и претежно се хранат со риби, водни птици и други мали рбетници како водоземци и влекачи.
Женките несат помеѓу 22 и 45 јајца.
Живеалиште
уредиОва ноќно животно се среќава во слатководните мочуришта и езера, најчесто во внатрешноста на островот Нова Гвинеја. Иако може да живее и во солени води, овој крокодил ретко се среќава во крајбрежјето во водите кои имаат помало количество сол од морската вода. Никогаш не живее во места каде што го има Морскиот крокодил (C. porosus). На островот Нова Гвинеја има 2 популации на C. novaeguineae кои се одвоени до планински венец. Овие две популации се одредени со помош на генетски анализи.
Заштитен статус
уредиНовогвинејскиот крокодил денес е со најмала загриженост од изумирање. Популациите се проценуваат на помеѓу 50 000 и 100 000 единки. Во минатото, до 1970-тите бил убиван поради кожата. Потоа е создадена програма за заштита и за одгледување (фарми на крокодили), која според бројот на единки во природата се смета за успешна.
Наводи
уреди- „New Guinea Crocodile“. Crocodilians. Посетено на 2006-10-15.