Content Warning
Content Warning (буквално: Страшна содржина) — групна игра на ужасите за преживување од 2024 г., објавена од Landfall Publishing.[1][2] Била објавена на 1 април 2024 г. како дел од традицијата на Landfall да издава игра на Денот на шегата.[3]
Content Warning | |
---|---|
Изработувач(и) | Skog, Zorro, Wilnyl, Philip, thePetHen |
Издавач(и) | Landfall Publishing |
Подлоги | Microsoft Windows |
Датум на издавање | 1 април 2024 г. |
Жанр(ови) | ужаси за преживување |
Режим(и) | повеќеиграчки |
Играчки процес
уредиИграта Content Warning има сличности со Lethal Company и Phasmophobia.[4] Четворица играчи започнуваат на спокоен остров и користат кесон за да се спуштат во местото познато како „Стариот Свет“, зона обвиткана во вечна темнина со напуштено гратче. Целта на играчите е да користат видеокамера за да снимаат „страшни содржини“, како што се артефакти или опасни чудовишта, додека ги истражуваат урнатините. Снабдувањето со кислород на играчите и лентата на камерата се ограничени, а барем еден од играчите мора да преживее и да се врати на површината со камерата за да може видеозаписот да се постави на SpöökTube. Видеозаписите се бодуваат со гледачи, а бројот на гледачи одредува и колку пари ќе заработат. Доколку играчите ја исполнат квотата на гледачи во рок од три дена, им се дава нова квота и можат да ја продолжат својата кариера како создавачи на содржина; ако не, тие губат и мораат да започнат отпочеток. Можат да ги искористат парите за да купат алатки за побезбедно истражување и подобри кадри.[1][5]
Развој
уредиИграта била пуштена на 1 април 2024 г. и била бесплатна првиот ден. Во рок од дванаесет часа, 50 илјади луѓе ја играле во исто време на Steam.[5] Помалку од еден ден по пуштањето, над 200 илјади луѓе играле истовремено.[6] За време на пуштањето, околу 6,2 милиони корисници на Steam ја добиле играта. До средината на април 2024 г., Landfall рекол дека продале над еден милион примероци по бесплатниот период.[7][8]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Content Warning“. Landfall (англиски). Посетено на 2024-04-02.
- ↑ „Content Warning: All about new horror game that can make you go viral“. Hindustan Times (англиски). 2024-04-02. Посетено на 2024-04-13.
- ↑ Park, Morgan (2024-04-01). „Content Warning, a free co-op horror game where you go viral on SpookTube or die trying, is rapidly climbing the Steam charts“. PC Gamer (англиски). Посетено на 2024-04-02.
- ↑ Taylor, Caitlyn (2024-04-02). „Landfall Officially Launches YouTuber Horror Co-Op Game Content Warning -“. mxdwn Games (англиски). Посетено на 2024-04-02.
- ↑ 5,0 5,1 Norton, Brad (2024-04-02). „What is Content Warning? New horror game designed to make you go viral“. Dexerto (англиски). Посетено на 2024-04-02.
- ↑ Gray, Gabran (2024-04-03). „Why Content Warning's Devs Are Apologizing For Viral Horror Game“. SVG (англиски). Посетено на 2024-04-04.
- ↑ Blake, Vikki (April 13, 2024). „Content Warning tops one million sales“. Eurogamer. Посетено на April 13, 2024.
- ↑ Chalk, Andy (2024-04-02). „April Fools' phenom Content Warning draws in more than 204,000 concurrent players“. PC Gamer (англиски). Посетено на 2024-04-04.
Надворешни врски
уреди„Content Warning“ на Ризницата ? |