Црвенокап мангабеј

(Пренасочено од Cercocebus torquatus)
Црвенокап мангабеј
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Старосветски мајмуни
Род: Мангабеј
Вид: Црвенокап мангабеј
Научен назив
Cercocebus torquatus
(Кер, 1792)
Распространетост

Црвенокап мангабеј или беловратен мангабеј (научCercocebus torquatus) — вид примат од семејството на старосветските мајмуни (Cercopithecidae).[2] Примероци од ова животно можат да се погледаат во Зоолошката градина во Скопје.[3]

Опис

уреди

Телото на овој мајмун е прекриено со сиво крзно, но има карактеристична црвена боја на главата во облик на капа и бел врат.[4].[4] Има црни уши и упадливи бели очни капаци, поради што се нарекува и „четириок мајмун“.[4] Опашката му е темносива и подолга од телото, и често ја држи со белиот врв над главата.[4] Има долги катници и многу големи секачи.[5] Во заробеништво, мажјаците тежат просечно 9-10 кг, а женките 7,5-8,6 кг.[5] Без опашката, мажјаците се долги 47–67 см, а женките 45–60 см.[4]

Живеалиште и распространетост

уреди

Црвенокапиот мангабеј се среќава во шуми сместени во крајбрежни појаси, мочуришта, мангрови и долини, од западна Нигерија, на исток и запад во Камерун, како и ширум Екваторска Гвинеја, Габон и по атлантскиот брег на габонско-конгоанската граница.[1][4]

Поведение

уреди

Овие мајмуни живеат во големи групи од по 10 до 35 единки, вклучувајќи неколку мажјаци.[4][6] Општат со кресоци и лаење, што служи за одржување контакт со ќленовите нха групата и означување на нејзината местоположба во однос на други групи.[4] Се храснат со плодови и семиња, но јадат ио листови, зеленило, цветови, безрбетници, печурки, измет и смола.[5][6] Немаарт определена сезона на парење, а половата зрелост ја достигнуваат на возраст од 5 до 7 години. Во росек, бременоста трае 170 дена.[6]

Закани

уреди

Во 2006 година, било проценето дека годишно околу 3.000 црвенокапи мангабеи се ловат во крајбрежните шуми Крос-Санага-Биоко за трговија со месо.[7]

Заштитен статус

уреди
 
Црвенокап мангабеј во Зоо Скопје.

Црвенокапиот мангабеј се води како ранлив вид во црвениот список на МСЗП поради губитокот на живеалиштето и ловењето за месо.[1] Наведен е и во Прилог II од CITES и во класата Б на Африканската спогодба за заштита на природата и природните ресурси.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Cercocebus torquatus. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 4 January 2009.
  2. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.) (уред.). Mammal Species of the World (III. изд.). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 154. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  3. „Мангаби“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 16 мај 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Matthew Richardson (26 March 2009). „Red-capped mangabey (Cercocebus torquatus)“. ARKive. Архивирано од изворникот на 2015-09-22. Посетено на 6 January 2012.
  5. 5,0 5,1 5,2 The Primata (17 June 2007). „White-collared Mangabey (Cercocebus torquatus)“. The Primata. Архивирано од изворникот на 2013-09-25. Посетено на 6 January 2012.
  6. 6,0 6,1 6,2 Nguyen, Khoa Huu (1999). Cercocebus torquatus. Animal Diversity Web. Посетено на 6 January 2012.
  7. Fa, J.E., Seymour, S., Dupain, J.E.F., Amin, R., Albrechtsen, L. and Macdonald, D. (2006). „Getting to grips with the magnitude of exploitation: bushmeat in the Cross–Sanaga rivers region, Nigeria and Cameroon“. Biological Conservation. 129 (4): 497–510. doi:10.1016/j.biocon.2005.11.031.CS1-одржување: користи параметар authors (link)

Надворешни врски

уреди