CGI (графика)
CGI (англиски: computer-generated imagery, преведено како компјутерски генерирани слики ) е примена на компјутерска графика за создавање или придонесување со слики во уметноста, во печатени медиуми, видео игри, филмови, телевизиски програми, кратки филмови, реклами, видео записи и симулатори. Визуелните сцени можат да бидат динамични или статични, можат да бидат дводимензионални (2D), иако терминот CGI најчесто се користи за 3D компјутерска графика, која се користи за создавање сцени или специјални ефекти во филмови и телевизија. Дополнително, употребата на 2D CGI често погрешно се нарекува „традиционална анимација“, обично кога не се користи наменски софтвер за анимација како Adobe Flash или Tune Boom; или CGI се црта рачно со помош на таблет и глушец.
Терминот „CGI анимација“ се однесува на динамично CGI претставување во форма на филм. Терминот виртуелен свет се однесува на интерактивни опкружувања базирани на агенти. Софтверот за компјутерска графика се користи за креирање на компјутерски генерирани слики за филмови итн. Достапноста на CGI софтверот и зголемените компјутерски брзини им овозможија на некој уметници и на малите компании да произведуваат професионални филмови, игри и дигитална уметност од сопствените компјутери. Ова доведе до интернет субкултура со своја група на глобално познати личности, снимки и технички речник. Еволуцијата на CGI довела до појава на виртуелна кинематографија во 1990-тите, кога движењето на симулациската камера не беше ограничено со законите на физиката.