БСД Ѓавол

(Пренасочено од BSD Ѓавол)

БСД Ѓаволот (англиски: BSD Daemon), маскотата на оперативниот систем БСД, го добила името според позадинските (daemon) процеси, посебен вид на софтверски програми на UNIX-оидни оперативни системи. Обично маскотата носи тритон кој ја симболизира можноста на даемон софтверот да подигнува (fork) нови процеси.

FreeBSD лого

Авторските права над БСД ѓаволот ги има Маршал Кирк МекКузик, кој се грижи дека маскотата се користи само за БСД-заснован софтвер и сервиси. Сегашната популарна верзија на маскотата е нацртана од Џон Ласетер, режисер на анимирани филмови, на 22 март 1988 година. Првата верзија на логото е на комичарот Фил Фоглио.

Пред сегашното лого, проектот FreeBSD ја користел верзијата на Џон Ласетер како лого и маскота. Сепак, оваа пракса била напуштена бидејќи употребата на ѓавол како лого не била доволно делотворна. Постојат повеќе причини за ова, а најбитната е што ѓаволот не е единствен за FreeBSD, бидејќи сите БСД оперативни системи го користат. Во февруари 2005 бил распишан натпревар за создавање на лого за проектот, а избраното лого станало официјално од ноември 2005.

Лиценца

уреди

Употребата на БСД ѓаволот е ограничена од МекКузик, и мора да се согласува со следната лиценца:

Оригиналот на англиски:
„Individuals may use the daemon for their personal use within the bounds of good taste (an example of bad taste was a picture of the BSD daemon blowtorching a Solaris logo). When reasonably possible, I would like the text "BSD Daemon Copyright 1988 by Marshall Kirk McKusick. All Rights Reserved." to be included. This text need not be etched into the figure or garishly displayed when using the daemon as say an Icon in a web frame. A good example of how to handle the due credit in a web page is to create a link from the daemon picture to the following text:

BSD Daemon Copyright 1988 by Marshall Kirk McKusick.
All Rights Reserved.
Permission to use the daemon may be obtained from:
Marshall Kirk McKusick
1614 Oxford St
Berkeley, CA 94709-1608
USA
or via email at mckusick@mckusick.com“