Aspidistra elatior
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Шпаргловидни
Семејство: Шпаргли
Потсемејство: Nolinoideae
Род: Aspidistra
Вид: A. elatior
Научен назив
Aspidistra elatior
К. Л. Блуме[1]
Синоними
  • Aspidistra attenuata Hayata
  • Aspidistra variegata (Link) Regel
  • Plectogyne variegata Link
Пар на саксии Aspidistra elatiors.
Цвет.

Aspidistra elatiorвид цветно растение од фамилијата Asparagaceae, со потекло од Јапонија и Република Кина. Отпорено на негрижа, широко се одгледува како домашно растение, но може да се одгледува и надвор во сенка каде температурите остануваат над -5 °C.

Опис

уреди

Расте до 60 см во висина и ширина, тоа е зимзелено ризоматозно повеќегодишно растение, со сјајни темнозелени листови 30-50 см долги и месести кремасти цветови со 8 венечни ливчина со кафеава боја од внатрешната страна, кои се развиваат на почетокот на летото.[2]

Опрашување

уреди

Според една студија објавена во 2018 година, A. elatior се чини дека главно е опрашуваno преку комарци (Cordyla sixi и Bradysia spp.).[3]

Распространетост

уреди

Иако понекогаш се смета дека има кинеско потекло,[4] видот всушност потекнува од јужна Јапонија,[1] вклучувајќи ги Курошима,[5] Суваносеџима[6] и островите Уџи.[7] Се јавува во друштво со високостеблените видови како Ardisia sieboldii и Castanopsis sieboldii.[4]

Одгледување

уреди

A. elatior е добро познато растение во одгледувањето и има углед дека издржува негрижа. Тоа е толерантно на слаба светлина, мала влажност, температурни поместувања и неправилно наводнување. Најдобро е да се постави на место подалеку од директно сонце за да се избегне избелување на листовите. Исто така, потребна е добра дренажа на почвата за оптимален раст и за да се избегне гниење на коренот.[8] Широко расте како домашно растение, може успешно да се одгледува и на отворено во сенка во умерена клима со температури до -5 °C, мразови од -5 до -10 °C температури или пониски може да го убијат растението.[9]

Растението многу ретко може да биде нападнато од инсекти. Неговите лисја и корења може да бидат предмет на пасење од копитари како што се елени, како и глодачи и зајаци.[8]

Достапно е во голем број сорти:[9]

  • „Asahi“ (што значи „утринско сонце“ на јапонски) - листовите се светло чоколадно кафеави, станувајќи зелени од основата нагоре
  • „Hoshi-zora“ (што значи „ѕвездено небо“ на јапонски) - големи, слабо попрскани лисја
  • „Lennon's Song“ - долги тесни краеви на листовите и централна побледо зелена лента (откриена од американски одгледувач на зеленило што се кастри, Робин Ленон)
  • 'Variegata' - со бели ленти кои се протегаат по должината на листот; победи и на AGM[10]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Aspidistra elator. World Checklist of Selected Plant Families. Кралски ботанички градини (Кју). Архивирано од изворникот на 2019-09-19. Посетено на 13 мај 2022.
  2. RHS A-Z encyclopedia of garden plants. United Kingdom: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 978-1405332965.
  3. Suetsugu, Kenji; Sueyoshi, Masahiro (1 јануари 2018). „Subterranean flowers of Aspidistra elatior are mainly pollinated by not terrestrial amphipods but fungus gnats“ (PDF). Ecology. 99 (1): 244–246. doi:10.1002/ecy.2021. ISSN 1939-9170. PMID 29136275.
  4. 4,0 4,1 „Aspidistra elatior“. Flora of China. Посетено на 13 мај 2022.
  5. Sako, Shizuo; Katsutoshi Maruno (март 1983). „Flora of Island Kuroshima, Pref. Kagoshima, Kyushu“ (PDF). Bulletin of the Kagoshima University Forest. 11: 33–61. ISSN 0389-9454. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 јули 2011. Посетено на 13 мај 2022.
  6. Sako, Shizuo; Hidenobu Kirino (март 1980). „Flora of Isl. Suwanose-jima, Isls. Tokara, Ryukyus“ (PDF). Bulletin of the Kagoshima University Forest. 8: 19–53. ISSN 0389-9454. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 јули 2011. Посетено на 13 мај 2022.
  7. Sako, Shizuo; и др. (март 1988). „Flora of the Uji Isls., Kagoshima Pref., Kyushu“ (PDF). Bulletin of the Kagoshima University Forest. 16: 83–108. ISSN 0389-9454. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 јули 2011. Посетено на 13 мај 2022.
  8. 8,0 8,1 „Aspidistra elatior“. PlantFinder. Missouri Botanical Garden. Архивирано од изворникот на 4 март 2009. Посетено на 13 мај 2022.
  9. 9,0 9,1 Brown, Bob (2013). „High Flying Aspidistras“. The Garden. 138 (1): 62–65.
  10. Aspidistra elatior 'Variegata'. RHS. Посетено на 13 мај 2022.