Ал Џазира Балканс

(Пренасочено од Al Jazeera Balkans)

Ал Џазира Балканс — меѓународен информативен телевизиски канал кој 20 часот дневно емитува вести на српскохрватски јазик, додека остатокот од времето ја пренесува програмата на Al Jazeera English. Телевизијата започнала со работа 11 ноември 2011 година во 18 часот по месно време. Седиштето на телевизијата се наоѓа во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, а има дописници во сите главни градови во регионот.

Промотивен постер и регионална телевизија Ал Џезира во главниот град на Хрватска, Загреб

Програмата на телевизијата се емитува во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија.

Надворешни врски уреди