Agusta/Bell AB-212
Специјална верзија на хеликоптерот AB 212, наменета за водење противподморничка борба. Хеликоптерот е со типичен продолжен труп од хеликоптерот Bell 412, опремен соодветно со средства за откривање (сонар, радар и пливци) и уништување подморници (торпеда, длабочински бомби и ракети). Хеликоптерот е користен во Заливската војна, како и за време на кризата во Југославија.
Agusta/Bell AB-212 | |
---|---|
Македонски Agusta/Bell AB 212 во склоп на македонската полиција | |
Цело име | Агуста/Белл АБ-212 |
Тип | морнарички, против подморнички хеликоптер |
Класа | лесен |
Сместување | два пилота, оператор на сонар, оператор на радар или седум патници |
Земја на потекло | Италија/САД |
Производител | Bell Helicopter Textron (САД)/Agusta Aerospace Company (Италија) |
Земји корисници | Венецуела, Грција, Иран, Италија, Македонија, Перу, Турција, Шпанија |
Намена | за противподморничка борба |
Мотори | еден турбомлазен мотор Pratt & Whitney PT6T-6 Turbo Twin Pac, со вкупна сила од 1,875 кс |
Димензии | Должина на трупот: 12,90 м
Височина: 4,50 м Пречник на HP: 14,70 м |
Маса | Празен: 4,320 кг
Максимална: 5,070 кг Корисна: 2,270 кг |
Варијанти
уреди- AB 212 ASW - базична верзија
- AB 212EW - турска верзија за електронска војна
- HA.18 - шпанска ознака за хеликоптерот
Галерија
уреди-
Скица на хеликоптерот.
-
Пилотската кабина на хеликоптерот.
-
Agusta/Bell AB 212 во склоп на ОН.