Acronis True Image е програма која служи за правење на резервни копии од тврдите дискови, и пренесување на копијата на друг компјутер. Програмата е направена од Acronis. Acronis True Image, може да работи и да создава резервна копија од цел диск или одреден дел од него само на Windows и Linux . Но тоа не значи дека оваа програма неможат да ја користат оние кои користат друг оперативен систем. Тие можат да ја подигнат програмата надвор од оперативниот систем, односно да вклучат програмата преку компактен диск ( CD , DVD USB диск или друг уред ).

Acronis True Image
Acronis True Image logo.png
Acronis True Image.png
Acronis True Image Home 2009
Најново издание:Home верзија: 12 build 9796 (2009)[1]
ОС:Windows 2000, XP, Vista[2]
Платформа:Windows и Linux за работење во оперативниот систем.
Подигање на програмата од компакт диск е можно на секој компјутер.
Достапни јазици:Англиски и Германски [3]
Статус:Активна
Намена: Софтвер за копирање тврд диск
Лиценца:Комерцијална
Мреж. место: Acronis True Image Home

ОперацииУреди

Acronis True Image како апликација за создавање резервни копии од тврдите дискови исто така нуди и целосно враќање на податоците на истиот тврд диск или на некој друг. Во случај да не се подигни оперативниот систем, Acronis True Image има заштита преку која може да се вклучи апликацијата надвор од него и да се врати оперативниот систем назад во состојбата кога бил целосно функционален. Acronis True Image е познат и по неговиот едноставен волшебник (постапки низ прозорчиња). Програмата може да направи резервна копија на Windows-от додека е вклучен, но додека за враќање на копијата мора да работи надвор од него. Acronis исто така нудат и бесплатни временски ограничени копии на своите програми.

ВерзииУреди

Home верзија
  • Acronis True Image Home 2009 верзија.12
Корпорациски верзии
  • Acronis True Image Echo Server за Linux
  • Acronis True Image Echo Server за Windows

Поддржани податотека системиУреди

  • NTFS
  • FAT16
  • File Allocation Table|FAT32
  • ext2
  • ext3
  • ReiserFS
  • Reiser4
  • Linux Swap

НаводиУреди

  1. Acronis Latest Product Updates
  2. „Acronis True Image 11 Home Datasheet“ (PDF).[мртва врска]
  3. Acronis True Image Home 2009 (English and German)

Надоворешни врскиУреди