1917 (филм)

филм на Сем Мендес од 2019 г.

„1917“филм на режисерот Сем Мендес (Sam Mendes) од 2019 година. Мендес е автор и на сценариото, заедно со Кристи Вилсон-Кернс (Krysty Wilson-Cairns). Главните улоги ги играат: Џорџ Меки (George Mackay), Дин-Чарлс Чепмен (Dean-Charles Chapman), Марк Стронг (Mark Strong), Ендрју Скот (Andrew Scott) и Ричард Маден (Richard Madden). Во 2020 година, филмот ја освоил наградата „Оскар“ во следниве категории: најдобра фотографија (Роџер Дикинс), најдобри визуелни ефекти (Гијом Рошерон, Грег Батлер и Доминик Туи) и најдобро мешање на звукот (Марк Тејлор и Стјуарт Вилсон). Исто така, филмот е добитник на наградата БАФТА во категориите: најдобар режисер, најдобар филм, британски филм на годината, најдобра фотографија, како и добитник на наградата „Златен глобус“ за најдобар игрна филм и за најдобар режисер.[6]

„1917“
Плакатот на македонски јазик
РежисерСем Мендес
Продуцент
  • Сем Мендес
  • Пипа Харис
  • Џејн-Ен Тенгрен
  • Калум Макдугал
  • Брајан Оливер
Сценарист
Главни улоги
МузикаТомас Њуман
КинематографијаРоџер Дикинс
МонтажаЛи Смит
Студио
Дистрибутер
Премиера10 јануари 2020 г. (Обединето Кралство)
25 декември 2019 г. (САД)
18 јануари 2020 г. (Македонија)
Времетраење119 минути[1]
Земја
Јазик
Буџет90 — 100 милиони долари[3][4]
Бруто заработка390,4 милиони долари[5]

Содржина

уреди

Во филмот се прикажува судбината на двајца британски војници во текот на Првата светска војна. Разводниците Скофилд и Блејк добиваат невозможна задача: мораат да се пробијат низ непријателската линија за да пренесат една порака што може да ги спаси животите на 1 600 нивни соборци, меѓу кои се наоѓа и брат му на Блејк.

Режисер, ко-сценарист и копродуцент Сем Мендес (лево) и кинематографер Роџер Дикинс

Улоги

уреди
Глумец Улога
Џорџ Макеј разводник Вилијам Скофилд
Дин-Чарлс Чапман разводник Томас Блејк
Марк Стронг капетан Смит
Ендру Скот поручник Лезли
Ричард Маден поручник Џозеф Блејк
Колин Ферт генерал Еринмор
Бенедикт Камбербач полковник Макензи
Клер Дибирк Лори

Наводи

уреди
  1. „1917“. British Board of Film Classification. 6 December 2019. Архивирано од изворникот на 19 December 2019. Посетено на 22 December 2019.
  2. Предлошка:Cite the numbers
  3. Siegel, Tatiana (26 December 2019). „Making of '1917': How Sam Mendes Filmed a "Ticking Clock Thriller". The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот 26 December 2019. Посетено на 26 December 2019.
  4. Lang, Brent (10 January 2020). „Box Office: 1917 Picks Up Impressive $3.2 Million in Previews, Kristen Stewart's Underwater Bombing“. Variety. Архивирано од изворникот 12 January 2020. Посетено на 12 January 2020.
  5. Предлошка:Cite Box Office Mojo
  6. HRT, 1917, američko-britansko-indijski film (2019.) (пристапено на 7.5.2023)