Шри Шри Рави Шанкар
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Шри Шри Рави Шанкар (англиски: Sri Sri Ravi Shankar, тамилски: ஸ்ரீ ஸ்ரீ ரவி ஷங்கர்; род. име Рави Шанкар Ратнам) е роден на 13 мај 1956 година. Тој е духовен водач и основач на фондацијата „Уметност на живеењето“ (Art of Living), која е основана во 1982 година и која цели кон олеснување на индивудуалниот стрес, општествените проблеми и намалување на насилството. Ова е невладина организација со консултативен статус кај УНЕСКО. Тој исто така на скратено е нарекуван (со почит) Шри Шри или Гуруџи или пак Гурудев. Заедно со четиринаесеттиот Далај Лама ја основаа женевската фондација „Меѓународна асоцијација за човекови вредности“, која е невладина организација пружа помош, рурален развој и цели кон усвојување на заедничките глобални вредности. Во 2010 година од страна на списанието „Форбс“ Шанкар е избран за петтиот највлијателен човек во Индија.
Шри Шри Рави Шанкар | |
---|---|
Рави Шанкар (во средина) како ја прима наградата „Мајстор на мудроста“ | |
Роден | Равишанкар 13 мај 1956 Папанасам, Тамил Наду, Индија |
Националност | Индиец |
Философија | адвајта веданта |
Пишани дела | „Чествување на тишината“, „Интимен водич за искрениот барател“, „Бог ја сака забавата“ |
англ. Celebrating Silence, An Intimate Guide to Sincere Seeker, God Loves Fun |
Живот
уредиМајка на Рави е Смт. Вишалакши Ратнам, а татко му е Венкат Ратнам, кој во тоа време работел во автомобилскиот бизнис сектор. Го крстиле „Рави“ (вообичаено индиско име, што значи сонце) бидејќи се родил во недела, а „Шанкар“ по индискиот светец Ади Шанкара од 8 век, со кој се родени на исти ден. На 21-годишна возраст дипломирал на универзитетот „Св. Јозеф“ во рамките на универзитетор во Бангалоре. По дипломирањето Шанкар патувал со јогинот Махариши Махеш, кој го поканил да држи говори за ведската наука, да организира конференции за Ведите и нивната наука и да основа Ајурведски центри. Тој бил заедно со Махариши на отворањето на еден од првите негови „Златни Домови“(Golden Domes) на Меѓународниот универзитет на Махариши (Maharishi International University). Порано беше „Пандитот Рави Шанкар“(или Пандиџи) но во раните деведесетти година на изминатиот век се прекрсти во „Шри Шри Рави Шанкар“, по што реномираниот ситарист Рави Шанкар приговараше дека гуруто му го земал неговото име по кое тој е познат. Во 1980-тите години тој започнуваше со држење на многу практични курсеви по духовност низ светот. Шанкар вели дека неговата вежба за ритмичко дишење „Сударшан крија“ му дошла во 1982 година „како песна, како инспирација“ по десетдневен молк на брегот на реката Бадра во Шимога, држава Карнатака. Тој рече „Јас ја научив о почнав да ја предавам на луѓето“. Тој вели дека секое чувство има соодветен ритам на дишење и со регулирање на дишењето си го олеснуваме страдањето. Откако ја научил Сударшан кријата, Шанкар започнал да ја предава на други на курсевите на Art of Living кои за првпат се одржале во Шимога. Тој во 1981 година го инспирирал татко му и неколку други проминентни граѓани на Бангалоре да основаат дорботворениот и образовен фонд „Вед Вигнан Маха Видја Пит“. Под покровителство на фондов тој отворил училиште јужно од Бангалоре за тамошните деца од руралните средини, кое обезбедува бесплатно образование за 2 000 деца. Во 1983 година Шанкар го одржа првиот курс на Art of Living на тлото на Европа, во Швајцарија. Во 1986 година отиде во Епл Вели(Apple Valley) во САД за да го спроведе првиот курс во Северна Америка. Во 2010 година Шанкар се појави во емисијата на Роб Дирек „Rob Dyrdek's Fantasy Factory“ во која тој, менаџерот на Роб и Џереми Ларнер се обидоа да му помогнат на Роб да ја најде вистинската среќа во животот.
Духовност
уредиШанкар учи дека духовноста е она што ги потикнува човековите вредности како љубовта, сочувството и ентузијазмот. Не е ограничена за која било религија или култура, затоа што е отворена за сите луѓе. Тој чувствува дека духовната поврзаност меѓу луѓето како дел од едно семејство е многу поважна од националноста, полот, религијата, професијата и другите идентитети кои не разделуваат.
Според него науката и духовноста се поврзани и компатибилни бидејќи поаѓаат од поривот за знаење. Прашањето „Кој сум јас?“ води кон духовноста, а прашањето „Што е ова?“ води кон науката. Нагласувајќи дека среќата е можна само во сегашноста, неговата втемелена визија е да создаде свет, кој е ослободен од стрес и насилство. За неговите програми се вели дека нудат практични методи кои помагаат да се постигне ова. Тој здивот го гледа како врска меѓу телото и умот и како алат за да се отпушти умот. Исто така ја нагласува важноста на медитацијата или духовната пракса и служењето на другите. Од негова гледна точка „ Вистината е повеќе сверична, отколку линеарна, па затоа мора да биде контрадикторна.“
Придонес за мир и хуманитарни работи
уредиВо 90- тите години на минатиот век Шанкар отпочна голем број на хуманитарни проекти кои продолжуваат до ден денес под покровителство на фондацијата „Art of Living“ и многу други национални организации. Во 1992 година започна со затворските програми за да ги рехабилитира затворениците и да им помогне повторно да се вклопат во нормалниот живот. Во 1997 година започна со работа хуманитарната организација „Меѓународната асоцијација за човекови вредности“ и нејзината петта по ред програма за континуиран развој во руралните средини и за заживување на човековите вредности. По нападот на Светскиот трговски центар во 2001 година фондацијата „Аrt of Living“ понуди бесплатни курсеви за Њујорчани да им помогне да го намалат стресот. Групата исто така водеше програми за полесно поднесување на тешките животни околности во Косово на населението кое страдаше од војната, исто така во јавното здравство, на универзитетите и на персоналот на Обединетите нации. Организацијата започна и операција во окупираниот Ирак во 2003 година со цел да го ослободи ирачкото население од стресот, посебно внимание им се посвети на трауматизираните вдовиците во војната. Слична програма беше имплементирана во Авганистан од 2003 до 2006 година во која учествуваа како жртвите на војната така и персоналот од Обединетите нации и невладините организации. Во 2007 година Шри Шри Рави Шанкар го посети Ирак поканет од страна на премиерот Ноури ал Малики, а исто така се сретна и со сунитските, шеитските и курдските водачи. Тој го посети Пакистан во 2004 година и се сретна со политички и верски водачи, како дел од неговите напори за воспоставување мир во светот. Тој исто така води меѓурелигиозни диалози и моментално е дел од одборот на Светските религиозни водачи на „Меѓурелигискиот институт Елија “од Ерусалим. Во 2004 година многу волонтери им помагаа на жртвите од цунамито и ураганот Катрина на Хаити и многу други региони во кои има конфликти или природни катастрофи. Има и програма за справување со стресот и рехабилитациски техники во затворите наречена „Примерен Затвор“ (Prison SMART-(Stress Management and Rehabilitation Training)- англиската кратенка има двоструко значење) која им помага на многу затвореници и затворски персонал низ светот.
Сударшан Крија
уредиСударшан кријата е „техника заснована на дишењето“ која е круцијална компонента на курсевите на Уметност на живеењето и „камен темелник на програмите за олеснување на траумите кои ги споведува фондацијата Art of Living“.
Во некој од неговите разговори Шри Шри Рави Шанкар ја опишал Сударшан кријата како вежба со ритмичко дишење која чисти и хармонизира на психичко, ментално и емоционално ниво.
Бројни медицински студии го потврдија ова и научниците го објавија во нивните меѓународни дневници. Извештаите потврдија дека техниката меѓу другото дава физички и ментални добробити, како и намалување на нивото на стрес (го намалува кортизолот – хормонот за стрес), го подобрува имуниот систем и ослободува од анксиозност и депресија (блага, средна и тешка), ја зголемува заштитата со антиоксиданси, ја подобрува функцијата на мозокот(ја зголемува концентрацијата, смиреноста и закрепнувањето по стресни ситуации). Вежбачите кои се запишуваат на курсевите потпишуваат договор дека нема да подучуваат други луѓе со изучените техники сè додека не учествуваат на курсот за учители.
Критика
уредиБидејќи има многу научни студии со кои се потврдуваат добробитите од вежбањето на Шанкаровите техники, некои волонтери на „Уметност на живеењето“ се критикувани бидејќи користеле псевдо-научни изрази во презентациите и кажувале дека HIV- вирусот не може да ја преживее околината богата со кислород која се добива со Сударшан кријата. Исто така се тврдело дека Сударшан кријата може да предизвика хипервентилација, хипокапнија и настанување на алкалоиди при дишењето. Меѓутоа според изјавите на Барти Верма во „Патот на милоста“(The Way of Grace) и Дејвид Лукас Бурџ и Гери Бушерл „Сударшан кријата не е хипервентилација. Процесот воопшто не наликува на хипервентилација и е од многу покомплексна природа. Личноста која страда од хипервентилацја често има вртоглавици, заматен вид, грчеви во мускулите на дланките и стапалата, општо неубаво чувство и несвестици. Спротивно на тоа искуствата на учесниците на курсевите за Сударшан крија се состојба на длабоко опуштање, подмладување и полнење со енергија. Јасно е дека искуствата на луѓето кои вежбаат Сударшан крија се спротивни од хипервентилациски вежби кои се очекувани“. Локални организации на Уметност на живеењето постојат во 152 земји и Рави Шанкар не е поврзан со целиот рекламен материјал кои го даваат. Според напис во „Ридерс Дајџест“ (Reader's Digest) „ Нема сомневање дека некои од изјавите се претерани. На пример според брошура на Уметност на живеењето (локална) е дека нивниот семинар „Youth Empowerment Seminar“ е задолжителен на 10 германски универзитети. Случајна проверка извршена од истиот весник открива дека на 5 од овие универзитети семинарот не само што не е задолжителен туку и не е дел од академската програма. Овој семинар е понуден како слободна активност заедно со тенисот и аеробикот.“
Надворешни врски
уреди- Матична страница (англиски)