Шпиц-патики
Шпиц-патики се врста на обувки која се користи во балет, за изведување на игри на врвовите од прсти. Во денешното време, можат да се видат во класичен балет, додека модерните кореографи портко се одлучуваат за игра на врвовите од прсти. По традиција ги носат жените, но од последните децении од минатиот век биднало можно да се видат и мажи на врвовите од прсти (во модерниот балет).
Историјат
уредиФранцускиот кореограф, кој работел најголемиот дел од животот во Париската опера, им сугерирал на мајсторите кои ги изработувале балетските патики да направат некои промени во дизајнот, кои би овозможиле да пред што механизмот ја подигне балерината од позорницата (во тоа време биле користени специјални ефекти на летење) таа некое време да стои на врвовите од прсти. Од оваа идеја подоцна, низ кореографии, е разработувана идејата за трепетливата етеричност и игра на врвовите од прсти.
Првата примабалерина, која ја одиграла целата претстава во новопознатите шпиц-патик, била Марија Таљони, играјќи го главниот соло во балетот Силфиде. Таа поточно носела некоја врста на сатенски папучи, кои биле зашиени на петите да не спададнат, а во предниот дел биле од кожа која им давала чврстина за стаење на прстите. Во исто време, во Италија, примабалеринате асолута Пјерина Лањани, почнува да носи патики кои на врвовите од прсти имале коморичка и платформа која овозможувала стоење. Со продот на Лањаниевата во Империјал балет во Санкт Петербург, италијанскиот стил за изработка на шпиц патики се пренесува во Русија, каде бива доработен, се менува системот за причврстувањето за стапалото — се уклонуваа копчињата, и патиките постануваат потивки.
Модерни шпиц-патики
уредиИдејното решение за модерните шпиц-патики и долгуваме на руската примабалерина асолути Ана Павлова. Таа ја дала идејата да претходно опишаниот руски модел се прилагоди на изгледот на своето стапало. Новината се состоела во тоа што „кутивчето“ околу палците давало појака поддршка за стоење.
Игра во шпиц-патиките
уредиДа би балерината можела да започне да вежба игра на врвовите од прсти, потребно е да во потполност завлада со техниката, како и да се формира коскениот систем. Одлуката да се започне учење на игра во шпиц-патиките го донесува балетскиот педагог, кој треба вниматено да ги набљудува своите ученици и во правиот момент да ја донесе оваа одлука. Играта на врвовите од прсти иако веќе стотини години им го мами вниманието на публиката, и често ги оставаа без здив, всушност е непријатна и понекогаш многу болна.
Надворешни врски
уреди- Гришко — најпознатији произвођач
- Историја балета Архивирано на 5 јуни 2009 г. (англиски)
„Шпиц-патики“ на Ризницата ? |